03.07.2008 - Пронајдено возилото на иcчезнатиот гостиварски таксист
Возилото, Опел астра, по се изгледа е возилото на иcчeзнaтиот таксист од Долна бањица, Бајрамали Адеми, а изгореното тело би можеле да бидат посмртните останки на несреќниот човек кој речиси две седмици се сметаше за изчезнат.

03.07.2008 - 57 годишната тетовчанка Драгица Ветеровска вчера загина во сообраќајна несреќа
Судирот се случил вчера околу 16 часот на регионалниот пат Тетово - Јажинце на кракот што води кон селото Одри. Нејзиниот сопруг Слободан тешко повреден беше префрлен во клиничкиот центар во Скопје.

03.07.2008 - Две лица од Тетово завршиле во клиничката болница со повреди од огнено оружје
Полицискиот билтен бележи и случај на самоубиство. 27 годишната Б.А. од Ново Село вчера околу 15,50 си го одзела животот со бесење во плевната на нејзиниот свекор М.А.

03.07.2008 - Извршено евангелисување на манастирската црква на Попова Шапка
Големо, двојно славје во манастирскиот комплекс сместен во пазувите на Попова Шапка. Се чествуваше патрониот празник, денот посветен на еден од најголемите македонски светители Свети Наум Охридскиот Чудотврец, воедно се изврши и големиот и свет чин евангелисување на манастирската црква.

03.07.2008 - Меморандум за соработка меѓу општините Тетово и Коња oд Република Турција
Како приоритет во понатамошната соработка секако ќе биде зачувувањето на културното наследство, образованието и уметноста.

03.07.2008 - Завршија уписите за средните училишта
Иако со послаб интерес на кандидатите во споредба со првото пријавување, заврши и второто пријавување од првиот уписен рок во средните училишта. Од училиштата очекуваат во вториот уписен рок да ги пополнат сите слободни места со оглед на тоа што сите завршени осмооделенци законски се обврзани да го продолжат образованието.

02.07.2008 - Гостиварските таксисти протестираа поради исчезнатиот колега
Таксистите го подржаа семејството Адеми кое за Бајрам-Али не знае ништо веќе 12 денови. Таксистите со вклучени сирени продефилираа низ потесното градско подрачје, изкажувајќи му на таков начин подршка на семејството Адеми, чиј што член, а нивни колега, Бајрам -Али, изчезна речиси две недели.

02.07.2008 - Петнаесет работници на конфекцијата "Декон" кои вчера почнаа штрајк добија отказни решенија
Управата на фабриката гоцени дека штрајкот е незаконски и ги отпушти работниците. Според правниците, незаконски акт е отпуштање за време на штрајк.

02.07.2008 - Цариниците открија фалсификувани производи наменети за увоз
Фалсификувани парфеми, бижутерија алки и нараквици заплени мобилен тим на царинскат управа на терминалот во Тетово. Во камион со турски регистерски таблички најдени се 424.311 парчиња бижутерија, 4.300 парчиња парфеми и 1080 нараквици.-

02.07.2008 - За пуштање гласна музика казна од 200 до 500 евра
Летото и летниот период и не само тогаш е времето кога сме сведоци на се поприсутната појава на пуштање на гласна музика. Било да е тоа угостителски објекти, свадби, веселби, крштевки и слично, често излегуваат надвор од законот и им пречат на граѓаните.



прикажани: 1 - 11 од 3443  |  следни 10

 
     
 
 
Телевизија Кисс започна да емитува програма во 1994 година и во тоа време беше една од првите приватни телевизиски куќи во Македонија. Нашиот телевизиски сигнал ја покрива полошката котлина и планинскиот регион и опфаќа два града, Тетово и Гостивар и стотина села, односно, околу 300 до 350 илјади потенциални гледачи. Програмата тече 24 часа, а емитуваме програма од наше производство како и лиценцни содржини.
     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     

 
 
наши деловни партнери
 
   
   
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.