28.08.2008 - Истражен судија нареди претрес на објектите кај тетовскиот Монопол
При претресот што траел од 4 до 8 часот утрово полицајците затекнале неколку лица од тетовска Агенција за обезбедување и истите ги привеле на информативен разговор во полициската станица во Тетово.

28.08.2008 - Четири лица загинаа кога се урна мал авион во атарот на селото Лескоец
Четири лица загинаа кога мал авион се урна во близина на месноста Скребатно во атарот на селото Лескоец каде илјадници верници го прославувале празникот Успение на Пресвета Богородица. Во несреќата животот го загубиле тројцата патници и пилотот на авионот.

28.08.2008 - Полицијата реши случај на недозволена трговија со луѓе
Одделот за организиран криминал при МВР во соработка со СВР Тетово реши случај на трговија со малолетно лице и на криумчарење на мигранти. За овие кривични дела се товарат 32 -годишниот Б.Д. инаку сопственик на тетовскиот локал "Премиер Б" и неговиот роднина со исти инициали.

28.08.2008 - Повторно најдена марихуана низ тетовските ниви
По предходно добиени оперативни сознанија овластени лица од СВР Тетово во присуство на представници од државниот инспекторат за земјоделство во нива во атарот на Стримница во месноста викана Режинка ги пронашле и откорнале 1.800 растенија "Канабис сатива".

28.08.2008 - Верниците од православна вероисповед го празнуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица
Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така жените кои немаат рожба веруваат дека со милоста на Света Богородица ќе добијат рожба. На празникот му претходи двонеделен пост, а две години по ред денот е неработен.

28.08.2008 - Повторно протест на фармерите од западниот регион на Македонија
Тие денес три часа го блокираа автопатот кај наплатаната рампа Желино. Доколку не им се исполнат барањата можно е изумирање на сточниот фонд предупредија фармерите. Се заканија дека ќе го заколат добитокот.

28.08.2008 - Одбележани седумнаесет години од загинувањето на војникот на тогашната ЈНА Драгослав Петровски-Чиче
И по толку години споменот за него живее во неговите роднини и пријатели затоа што тој беше пример за храбар и чесен грaѓанин - беше речено на денешниот помен.

27.08.2008 - Повторно превирања во гостиварската текстилна фабрика Декон
Работниците не дозволија да се изврши судскиот налог со кој раководството на фабриката требаше да влезе и да продолжи со работа по двомесечниот прекин. Ситуацијата пред фабричкaта капија стана напната откако на барање на извршителот за асистенција беше повикана и полиција.

27.08.2008 - Расправија завршила со употреба на пиштол
Жител од гостиварското село Градец е ранет во левата подлактица од истрел од огнено оружје. На употребата на пиштолот му предходела вербална расправија cо жител на Пирок кој е во бегство. Полицијата трага по лицето кое пукало од огнено оружје.

27.08.2008 - Од куќа на гостиварчанец арамии украле 3 илјади франци
Вчера вечер околу 20 часот, засега непознат сторител или сторители влегле низ отворен прозорец од спалната во куќата на гостиварчанецот Р.М. која се наоѓа на улицата "Кочо Зози". Тие ја пребарале куќата и во фиока нашле 3 илјади франци кои ги украле.



прикажани: 1 - 11 од 3800  |  следни 10

 
     
 
 
Телевизија Кисс започна да емитува програма во 1994 година и во тоа време беше една од првите приватни телевизиски куќи во Македонија. Нашиот телевизиски сигнал ја покрива полошката котлина и планинскиот регион и опфаќа два града, Тетово и Гостивар и стотина села, односно, околу 300 до 350 илјади потенциални гледачи. Програмата тече 24 часа, а емитуваме програма од наше производство како и лиценцни содржини.
     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     

 
 
наши деловни партнери
 
   
   
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.