TVKISS LIVE




 
   

04.09.2010 - Кон крајот на септември Гостивар ќе биде домаќин на Дипломатски марш на кој ќе учествуваат дипломати и луѓе од бизнис заедницата
Целта на маршот, покрај рекреацијата е и воспоставување контакти за натамошна соработка.

04.09.2010 - Полицијата најде 1 килограм и 765 грама хероин во автомобил на жител на Скопје
Дрогата е најдена по претходно добиени сознанија дека е можен транспорт на дрога. На граничниот премин извршена е контрола на возило марка Алфа Ромео со скопски регистерски таблички управувано од лицето со иницијали С.Т на 26 години од Скопје.

04.09.2010 - Во Тетово денес се одржа годишно-отчетно Собрание на Атлетската Федерација
Најголем успех во поглед на инфраструктурата, постигна со изградбата на една од најдобрите и најубава атлетска патека во Охрид. Верификувани два нови клуба од Скопје и Струга.

03.09.2010 - Највисока цена на лимонот забележана во овој период од годината
И продавачите и купувачите се жалат дека лимонот е скап, па поради тоа ретко го користат во нивната исхрана. Познат по својот остар и освежувачки вкус лимонот е одличен додаток на здравата исхрана и тоа секој ден.

03.09.2010 - Гостиварскиот градоначалник во посета на Балиндол
Градоначалникот на општина Гостивар Руфи Османи прошета до Балиндол каде пред една недела започна изградбата на патот кој го поврзува селото со градот. Првиот човек на гостиварската општина најави дека наредните денови ќе започне уредувањето на Кејот на Вардар и асфалтирање на локални патишта во неколку села.

03.09.2010 - Кај граѓаните на Тетово постои голем интерес за приватизација на градежното земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на физички лица стекнато со надомест
Во Основното јавно правобранителство во Тетово се регистрирани околу 400 такви барања, а секојдневно пристигнуваат и нови.

03.09.2010 - Учениците од ОУ Братство Миѓени кои наставата требаше да ја започнат во новиот објект најверојатно ќе седнат на училишните клупи во понеделник
Според директорот Цека, при крај се работите и во текот на денешниот ден треба да се добие согласноста од Министерството за образование.

03.09.2010 - Оружен грабеж во аптека во Тетово
Разбојникот успеал да одземе 60 илјади денари дневен промет. Од СВР Тетово известуваат и дека се расветлени неколку провални кражби, кои минатиот месец беа извршени во куќи на ова подрачје, а во кои беше одземен разновиден златен накит.

03.09.2010 - Успешно имплементирана програмата за субвенции во областа на земјоделството, сточарството и овоштарсвото
Стручните служби при подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Тетово успешно ја имплементираат програмата за субвенции во областа на земјоделството, сточарството и овоштарството.

02.09.2010 - Жителите на Зубовце протестираа поради приклучување на селскиот водовод на куќа која се наоѓа на крајот од селото
Сметаат дека не биле испочитувани процедурите оти никој не ја известил, ниту побарал одобрение од месната заедница. Од јавното комунално претпријатие на општина Врапчиште негираат дека станува збор за див или насилен приклучок.



прикажани: 11 - 21 од 9737  |  претходни 10 | следни 10

 
     
 
 
Телевизија Кисс започна да емитува програма во 1994 година и во тоа време беше една од првите приватни телевизиски куќи во Македонија. Нашиот телевизиски сигнал ја покрива полошката котлина и планинскиот регион и опфаќа два града, Тетово и Гостивар и стотина села, односно, околу 300 до 350 илјади потенциални гледачи. Програмата тече 24 часа, а емитуваме програма од наше производство како и лиценцни содржини.
     
   
     
 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     

 
 
наши деловни партнери
 
 
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.