10.03.2010 - Тепачка на гостиварскиот пазар
Двајца тезгаџии се истепале заради простор за изложување на стоката на големиот пазар во Гостивар. Во тепачката со крвав епилог, едниот од нив се здобил со рани од нож по телото.

10.03.2010 - Лековитите билки во Полошко ги има во изобилство но граѓаните недоволно ги користат
Познавачите на лековитите растенија препорачуваат граѓаните повеќе да ги користат пред се за нивното здравје но според нив доколклу постои државна статегија од билките може и добро да се заработи.

10.03.2010 - Обновен фондот на библиотеката во основното училиште 7 Март во Челопек
Учениците од основното училиште 7 Март од населеното место Челопек од денеска можат да ги користат новите книги кои на училиштето и ги донираше градската библиотека Браќа Миладинови од Скопје. Оваа донација ќе го обнови фондот на училишната библиотека од кој половината е стар три децении.

10.03.2010 - И годинава ќе продолжат активностите од проектот на Глобал фонд за бесплатно советување и тестирање за ХИВ СИДА, кој во Гостивар го спроведува невладината организација ХЕЛП
Испитувањата се вршат на терен, во специјално опремено возило каде заинтересираните добиваат и совети од стручни лица.

10.03.2010 - Отстранет дефект во водоводната мрежа
Дефектот во водоводната мрежа на улицата "Методија Андонов-Ченто" претпладнето целосно отстранет со што е нормализирано водоснабдувањето на граѓаните од централното градско јадро. Тоа беше причината што граѓаните во текот на изминати два дена останаа без вода за пиење.

10.03.2010 - Потпорниот ѕид во дворот на црквата Света Богородица во Челопек кој се сруши, бил саниран но повторно е оштетен поради ново свлечиште на земја
Ѕидот ќе се обнови со подобрување на временските услови со помош на општината Брвеница.

10.03.2010 - Финансиска поддршка за производителите на јаболки
Производителите на јаболки во периодот од 2 до 26 март можат да поднесат барања за финансиска поддршка за одржување на постоечки насади со јаболка, известуваат од Агенцијата за финанскиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

10.03.2010 - Спорт
Во одложениот натпревар од 15 коло одбојкарите на Шкендија во Скопје поразени од Вардар со 3:0 во сетови. Одбојкарките на Љуботен убедливо со 3:0 пред своите навивачи го совладаа Јанта Волеј Безбедност.

09.03.2010 - Зголемена ефикасноста во решавање на спорови во тетовскиот основен суд
Во основниот суд во Тетово во текот на минатата година во постапка биле вкупно 97 илјади предмети, а од нив речиси 51 илјади се решени, што претставува зголемување на ефикасноста во споредба со 2008 година.

09.03.2010 - Тетовци од неодамна пријавувањето на локалните даноци можат да го направат на интернет-страната на Општина Тетово
Тетовската Општина е втора во Македонија која го постави системот за електронско пријавување на даноци.



прикажани: 1 - 11 од 8378  |  следни 10

 
     
 
 
Телевизија Кисс започна да емитува програма во 1994 година и во тоа време беше една од првите приватни телевизиски куќи во Македонија. Нашиот телевизиски сигнал ја покрива полошката котлина и планинскиот регион и опфаќа два града, Тетово и Гостивар и стотина села, односно, околу 300 до 350 илјади потенциални гледачи. Програмата тече 24 часа, а емитуваме програма од наше производство како и лиценцни содржини.
     
   
     
 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     

 
 
наши деловни партнери
 
   
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.