10.03.2010 - Тепачка на гостиварскиот пазар
Двајца тезгаџии се истепале заради простор за изложување на стоката на големиот пазар во Гостивар. Во тепачката со крвав епилог, едниот од нив се здобил со рани од нож по телото.
10.03.2010 - Обновен фондот на библиотеката во основното училиште 7 Март во Челопек
Учениците од основното училиште 7 Март од населеното место Челопек од денеска можат да ги користат новите книги кои на училиштето и ги донираше градската библиотека Браќа Миладинови од Скопје. Оваа донација ќе го обнови фондот на училишната библиотека од кој половината е стар три децении.
10.03.2010 - Отстранет дефект во водоводната мрежа
Дефектот во водоводната мрежа на улицата "Методија Андонов-Ченто" претпладнето целосно отстранет со што е нормализирано водоснабдувањето на граѓаните од централното градско јадро. Тоа беше причината што граѓаните во текот на изминати два дена останаа без вода за пиење.
10.03.2010 - Финансиска поддршка за производителите на јаболки
Производителите на јаболки во периодот од 2 до 26 март можат да поднесат барања за финансиска поддршка за одржување на постоечки насади со јаболка, известуваат од Агенцијата за финанскиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
10.03.2010 - Спорт
Во одложениот натпревар од 15 коло одбојкарите на Шкендија во Скопје поразени од Вардар со 3:0 во сетови. Одбојкарките на Љуботен убедливо со 3:0 пред своите навивачи го совладаа Јанта Волеј Безбедност.
09.03.2010 - Зголемена ефикасноста во решавање на спорови во тетовскиот основен суд
Во основниот суд во Тетово во текот на минатата година во постапка биле вкупно 97 илјади предмети, а од нив речиси 51 илјади се решени, што претставува зголемување на ефикасноста во споредба со 2008 година.