20.05.2013 - Полициски билтен на СВР Тетово
49-годишен жител на Брвеница, пријавил дека вчера попладне, непознати сторители му одзеле возило „Голф 4“. Вчеравечер околу 21 часот, на регионалниот пат Гостивар-Чајле, во близина на тамошната пошта, бил удрен и повреден 10-годишен пешак.

20.05.2013 - Во Лешок одбележана годишнината од смртта на Кирил Пејчиновиќ
По повод одбележувањето на упокојувањето на истакнатиот Македонски преродбеник, учител и книжевен преведувач Кирил Пејчиновиќ, кој бил егумен во Марковиот манстир на Матка кај Скопје и во Лешочкиот манстир беше одржан помен парастос и беше произнесена беседа за неговото дело.

20.05.2013 - Одржан меморијалниот фудбалски турнир Бобе Јуниор 2013
Тетовско Јанчиште наредните триесетина дена ќе живее во знак на фудбалот-свечено започнат турнирот во мал фудбал Бобе Јуниор 2013 кој веќе прерасна во меморијален. Со ова се остварува целта на организаторот Бобан Симовски да се поврати згасната традиција во неговото родно место за одржување на спортски натпревари.

19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче
Со благослов на митрополитот Полошко кумаовски Господин Кирил, денес во месноста Чука кај Стенче, во присуство на голем број православни верници од Тетово, Гостивар, Скопје и од други места се изврши чинот осветување и полагање камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села
Во Радиовце, населено место во општина Брвеница речиси целото засено семе е уништено а голем број на домови се уште се под вода. Жителите велат дека единствен спас од поплавите е регулација на речното корито на Боговињска река.

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави
Деновиве во тетовските и гостиварските ресторани матурантите го прославуваат своето полнолетство. Покрај музиката и дружењето на овие свечени вечери, младите големо внимание обрнуваат на својот изглед. Не им е важно колку тоа ќе чини, важно им е тие да изгледаат најубаво.

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово
Наспроти зголемениот број на комунални инспектори и на вработени во Секторот за сообраќај при локалната самоуправа во Тетово состојбите во областа на сообраќајаот во Тетово се усложнуваат, а одделни јавни површини, крстосници тротоари и делови од булевари и улици се претворени во диви паркиралишта.

19.05.2013 - Крводарителна акција во Брвеница
Во организација на Службата за трансфузиологија при Клиничката болница, а во соработка со Општина Брвеница и Општинскиот одбор на црвениот крст, викендов што изминува беше организрана крводарителска акција во Брвеница. Оваа хуманитарна акција и годинава наиде на невообичаено големо интересирање кај месното население од споменатото и од околните села.

19.05.2013 - Во текот на следната недела, православните христијани чествуваат три празника
Празникот Свети Јован Богослов, во вторник, ќе се прослави во село Отушиште, а во среда празникот Свети Никола летен во село Жилче. Здружението за култура и уметност Иљо Антески Смок Тетово по повод празникот Свети Кирил и Методиј организира пригодна прослава.

18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран
Не се одржуваат работни седници не е избран претседавач а не се формирани ниту општински комисии. На новите советници им беа верификувани мандатите а за неполн месец беше одржана конститутивна седница, но работата на советот никако да започне.



прикажани: 11 - 21 од 16319  |  претходни 10 | следни 10

 
     


 
 
21.05.2013 - Гостиварски средношколци открија како дождот и градот да ги искористат за производство на електрична енергија

21.05.2013 - Тетовските ученици денес пред општинската зграда излегоа на протест

21.05.2013 - Отворени денови на училиштето "Вудроу Вилсон"

21.05.2013 - Учениците и професорите од средното техничко училиште во Гостивар ги презентираа смеровите и условите за настава во овој образовен центар

21.05.2013 - Полициски билтен на СВР Тетово

21.05.2013 - Дефекти на градската водоводна мрежа

21.05.2013 - Полежерни венчаници за понежен изглед

20.05.2013 - Основниот суд во Гостивар доби донација компјутери и опрема од Владата на Турција

20.05.2013 - Изложба на цртежи на тема Шараме за Шара како дел од проектот Промоција на природните вредности на Шар Планина денес беше отворена во основното училиште Андреа Савески Ќиќиш

20.05.2013 - Соопштение на НДП

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.