06.06.2010 - Во Црквата Свети Атанасиј и Свети Спас во тетовското село Долно Палчиште, денеска беше одржан традиционален црковно-народен собер на првата недела од започнувањето на Петровденските пости

Во живописното подножје на пониските падини на Шар Планина, во дворот на црквата Свети атанасиј и Свети Спас во Долно Палчиште во близина на Тетово, се одржа голем црковно-народен собир на кој покрај иселените жители присуствуваа и голем број православни верници од Тетово, Скопје, Брвеница, Долно Седларце и од други места, како и од странство.

Повод за овој црковно народен собир се обичаите и традициите според кои секогаш на првата недела од започнувањето на Петровденските пости се врши осветување на масло.

Осветеното масло верниците во шишенца го носат дома како симбол за здравје и благосостојба. Овој чин во црквата го изврши отец Томислав Јосифовски во сослужение со намесникот на Тетовското архиерејско намесништво Мирко Станкоски и други свештренослужители. Во манастирската црква беа осветени пченицата и погачите што ги подготвија повеќето кумови. Обичај во Долно Палчиште е кумовите сами да се пријавуваат.

Додека траеше богослужбата во ова древно црковно православно светилиште, постојано се зголемуваше бројот на гостите за изворно да се запознаат со древните обичаи и традиции на првата недела од петровденските пости. Меѓу нив имаше и верници кои од своето најарно детство секоја година доаѓаат во црквата во Долно Палчиште.

И на овој црковно народен собир беа прикажани древните обичаи и традиции кои се пренесуваат од колено на колено. За и овој пат да бидат запазени традициите новите кумови не беа определувани со паричка, туку со сопствена желба и лично пријавување кај отец Томислав Јосифовски, кој во црквата им го благослови кумството за наредниот црковно народен собир.

И годинава се пријавија голем број кумови.

На ова празнување во Долно Палчиште секогаш доаѓаат верници кои сега живеат во странство.

За сите присутни на црковно народнјиот собир во Долно Палчиште од страна на кумовите и нивните семејства беше приреден заеднички ручек што го обезбедија со здружени средства и заедничка подготовка. Црковно народниот собир во Долно Палчиште заврши со општонардона веселба која поради поволните временски прилики траеше се до доцните попладневни часови.

Како со децении на овој ден исто и овој викенд во ова православно светилиште чиј основен белег беа песните игрите и доброто расположение на сите посетители. Тоа беше потврда дека сите кумови добро ја извршиле преземената обврска и заедно со другите придонеле за негување и продолжување на традициите во Долно Палчиште.

Јован Булески



 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.