28.08.2010 - Празникот Пресвета Богородица во месноста "Ќелија" над Таерце вчера вечер го одбележаа околу стотина претставнички на понежниот пол

Во дворот на црквата "Света Богородица" во месноста "ќелија" над Теарце, стотина претставнички од понежниот пол вчера вечер традиционално го одбележаа празникот. Според децениската традиција, верничките од селото, но и од други населени места, па дури и од иселениците се поклонија пред иконата на пресвета Богородица, палејќи свеќи за здравје, среќа и бериќет.

Патроното одбележување на Голема Богородица во Теарце односно "Ќелија" е долгогодишна традиција која се прославува два дена. Првиот е собир на жените со посна трпеза,а вториот собир со мажите се одржува на денот на празникот-28 август. Годинава во подготвувањето на посната трпеза учествуваа голем број млади девојки а на секоја од нив им беа дадени пригодни подароци од семејството Тодоровски.

На овој традиционален собир на жени во Теарце дојдоа и иселените мештанки. Велат дека чувството е преубаво да се биде меѓу својот народ токму на овој ден.

Вкусното славско гравче кое за вчерашниот ден се служи посно, четири децении наназад го подготвува истиот готвач.

Од оваа година верничките од понежниот пол од Теарце и околните населени места во одбележувањето на Успение на мајката божја, Пресвета Богородица или кај народот попознат како Голема Богородица востановија нов начин на избор на задолжените за подогтовка и сервирање на посната трпеза беа избрани според бројчето кое го најдоа на поставените маси.

Соња Атанаскоска






 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.