21.09.2010 - По повод одбележувањето на празникот Рожденство на Пресвета Богородица, во тетовското село Сетоле се одржа голем црковно народен собир

Дворот на древното православно светилиште во тетовското село Сетоле беше претесен да ги прими сите верници - учесници на големиот црковно народен собир, организиран по повод празнувањето на Рожденството на Пресвета Богородица. На овој голем црковно народен собир присуствуваа голем број жители не само по потекло од Сетоле, туку и од Једоарце, Отуње, Лешок, Рогачево, Брвеница, Блаце, жилче, ратае, Непроштено, како и од Скопје, Битола, Лазарополе, Гостивар и од други места на Македонија.

Црковниот одбор навреме ги изврши сите подготовки, заедно со кумот Владо Дабевски со неговото потесно семејство кои вложија се од себе овој црковно народен собир да биде еден од најуспешните и најмасовни досега одржани, ни соопштио претседтаелот на Месната заедница во Сетоле , Владимир Спасовски. Меѓу првите на црковно народниот собир во Сетоле приостигна кумата од пред две години на која по кумувањето во сетолечката црква и се прошири семејството и доби внуци близнаци Ангел и Михаил. Во нивните лица блескаше радост што се најмали учесници на црковно народниот собир во Сетоле, а радосни беа и нивните родители Јасмина и Андреја Трајковски.

Во црквата во Сетоле која е една од најстарите цркви во Тетовско, мал водосвет изврши прота Предраг Исаевски.

Со свето миро од Ерусалим, прота Предраг исаески помаза многу присутни верници. Потоа ги прережа славските колачи што ги подготви семејството на Владо Дабевски од Тетово. Сите со внимателност ги разгледуваа парченцата леб од кумските колачи во кои се криеше паричката која според обичаите го определува единствениот кум за наредниот црковно народен собир. Среќата овој пат им беше наклонета на семејството Милошевски од Сетоле.

И онака масовниот црковно народен собир уште повеќе се зголемуваше со пристигнување на нови госи кои пристигнуваа се до пладенвните часови. Во Сетоле имаше и наши сонародници од дијаспората.

Празникот Мала Богородица е и патронен празник на селото, па покрај во древното православно светилиште се празнуваше и во секоја куќа во ова живописно тетовско село. И овој пат традицијата беше запазена и одекнуваа изворни народни песни кои се пеат и пренесуваат од колено на колено.

Празникот Рожденство на Пресвета Богородица или попознат меѓу народот као Мала Богородица беше одбележан со црковно народен собир, со негување на сите обичаи и традиции и во долнополошкото село Сараќино.

Јован Булески


 
     


 
 
12.11.2018 - Со цел да се избегне статусната разлика меѓу учениците, и основното училиште Андреа Савески Ќиќиш ги воведе училишните униформи

12.11.2018 - Саем на костени, вино и мед

12.11.2018 - Нападнат главен судија во тетовско, поради незадоволство од резултатот

12.11.2018 - Голомразица на патиштата кон Стража, Маврово и Попова Шапка

12.11.2018 - По повод Светскиот ден на борбата против дијабетесот, Здружението на дијабетичари Тетово организираше бесплатно мерење на шеќер во крвта

11.11.2018 - Пена полна со разни отпадоци

11.11.2018 - Тетово домаќин на 9-тиот Републички натпревар во табла

10.11.2018 - Црквата и општината сосема ги заборавија и кренаа раце од новите православни градски гробишта кај тетовско Фалише

10.11.2018 - Концерт насловен "Мојот пат" на маестро Ивица Зориќ

10.11.2018 - In memoriam- Илија Петровски

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.