21.07.2007 - Привршуваат подготовките за старт на проектот за реставрација на манастирската црква "Успение на Пресвета Богородица" во Лешок

Проектот за манастирската црква "Успение на Пресвета Богородица" во Лешок во мај годинава ја доби поддршката од Владата, која одлучи работите да им ги довери на министерствата за култура и за финансии. Формирана е екипата која ќе го изведува проектот за реставрација, во која поради недостиг на конзерватори немаше место за претставник од Музејот на тетовски крај. Вработените во Националниот конзерваторски центар ги прават последните подготовки за старт на работите, а според предвиденото ќе се интервенира на механичките оштетувања на живописот, но и на испитување на теренот, како и носивоста на земјиштето и висината на подземните води.

Македонија спаѓа во редот на земји со најубав сочуван византиски фрескопис, кој датира воглавно од периодот на 11 до 14 век. Сочувани се повеќе илјадници квадратни метри фреско-живопис, од кои поголемиот дел се во многу добра состојба и претставуваат ремек дела на македонската живописна школа. Манастирската црква "Света Богородица" во Лешок и црковниот храм "Свети Ѓорѓи" во Требош се своевидни сведоштва за почетоците на зографството во овој дел од Македонија. Манастирската црква на "Пресвета Богородица" преставува една од најстарите сочувани цркви во Полог. Црквата се споменува и во 1326 година, а била возобновена во 1641 и живописана во 1646 година. Постојат сведоштва за делумно обновување во 1879 година.

Црквата претставува една мала богата галерија, единствена во Полог. Дело е на мајсорската рака на зографите, на кое човек може само да се восхитува. Од живописот во нартексот е забележлива композицијата "Страшниот суд", која е зографисана на целата површина на северниот зид. За време на конфликтот 2001 та оваа црква не беше поштедена, оштетени беа прозорите, надворешната врата на олтарот, како и делови во олтарот. На фрескоживописот и на иконостасот немало оштетувања и украдени икони, но временските прилики и влагата го направија своето.


Двете цркви во Лешок "Пресвета Богородица" и старата црква "Свети Атанасиј" заедно со православните храмови "Св. Никола" во Челопек, "Св Петка" во Сиричино, и "Св. Ѓорѓија" и "Св. Архангел Михаил" во Непроштено, како и римската црква во Џепчиште во периодот од 1950 -до 1958 та година се прогласени за културно историски споменици и се под заштита на државата.

Лешочкиот манастир е честа дестинација за верниците и туристите. Постои идеја ваквиот вид на манастирски туризам да се развие и да стане препознатлив за овој крај, а обновата на манастирот "Свети Атанасиј" и реставрацијата на помалата црква во комплексот во Лешок "Успение на Пресвета Богородица" се чини ќе биде вистински потег за реализирање на ваквата идеја.


Проектот за реставрација на црквата Света Богородица во Лешок, во пакет со конзерваторските активности во Шарената џамија и на две цркви во Штип, треба да финишира до крајот на годината.

Марина Блажеска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.