12.08.2007 - Поставен камен темелник за црковен базен во дворот на црквата Свети Атанасиј во Ратае

Денес во дворот на црквата Свети Атанасие во Ратае беше поставен камен темелник за црковен базен. Благослов на изградбата даде прота Димитрије Крстевски кој ја потпиша повелбата која како документ беше поставена во темелите на базенот.

Базенот се гради со иницијатива на еден верник од Тетово кој на мештаните им рекол дека на сон му било речено да го изгради ваков црковен објект. По неколку години идејата конечно заживеала со ангажирање на месната заедница.

Овој црковен објект ќе служи за чествување на празникот Богојавление Водици, а било одлучено камен темелникот да биде поставен денес на празникот Свети Апостол Сила и пренос на моштите на Климент Охридски Чудотворец.

Жителите од Ратае во изминатите неколку години самоиницијативно и со доброволни прилози успеаја да ја изграат новата црква, како и други објекти. Најавуваат дека ќе продолжат да работат и понатаму.

Ратајчанецот Трајче Богдановски ја купи осветената лопата при поставувањето на камен темелникот. Тој на наддавањето даде 6.500 денари




 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.