23.08.2007 - Изградбата на патот Вешала -Бозовце откопа стари гробишта

Багерите на фирмата која го гради патот Вешала -Бозовце пред неколку денови во Вешала откри стари гробишта. Коските во гробовите се добро очувани, па не би требало да би биде поголем проблем да се утврди од кое време се погребаните и колку откриеното е вреден факт.

Управа за заштита на културно наследство ја превзела натамошната работа околу истражувањето и ќе изведе дополнително истражување, ни изјави Илчо Бојчевски од Управата.

"Се работи за некропола со организиран ред на погребување, извршуван со погребни камени плочи и ќе треба дополнителна работа која ќе ја изврши Музејот на тетовскиот крај. Работата нема да биде завршена брзо бидејќи ќе треба да се отворат сите гробници", изјави Бојчевски, кој му се заблагодари на локалното население кое веднаш пријавило за случајот и се потрудило коските да останат таму каде што се.

Ридот кој ги покрива гробиштата е е обезбеден со бетонски ѕид кој истовремено го обезбедува патот во изградба од одрони.

Инаку, изградбата на 1.800 метри долгиот пат Вешала - Бозовце започнала во април а во моментов привршува тампонирањето на идниот коловоз, по што ќе започне асвалтирањето, кое е последната фаза од изградбата.

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.