28.08.2007 - Празникот посветен на Успението на Пресвета Богородица денес се одбележа и во патрониот храм во Брезно

Со света богослужба отслужена од надлежниот архерејски намесник, денес Успение на Пресвета Богородица се славеше во населеното место Брезно.

Празникот кај народот попознат и како Голема Богородица, го искористија голем број на верници од Тетово и тетовско да дојдат во ова старо тетовско село да запалат свеќи за здравје и среќа на нивните семејства, а оваа традиција трае веќе години наназад.

По извршениот водосвет архиерејскиот намесник прота Мирко Станковски го подели кумскиот колач на присутните. Кумовите за наредната година со многу радост го примија кумството.

Еден од најголемите христијански празници, денес во црковниот храм во Брезно на едно место ги собра верниците не само од тетовско, туку и иселениците од дијаспората кои се наоѓаат во родниот крај. Сите заедно се потсетија на времето пред ова село да биде зафатено од бранот миграција. Тогаш празникот бил повод масовно да се слави.

Празнувањето на овој голем христијански ден по традиција беше приредена богата братско сестринска трпеза на љубовта.

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.