28.08.2007 - Со вечерна Богослужба и црковно-народен собир мештаните од Леуново синоќа ги започнаа патроните чествувања во храмот подигнат во чест на Пресвета Богородица.

Со света Божествена литургија започна денешната прослава на празникот во мавровското село Леуново. Тие што во минатиов период постеле се причестија, по што беа режани славските и колачот од црковниот одбор.

Во Леуново вака одамна се славело, а Успение на Пресвета Богородица е еден од најважните празници за леунчани но и за луѓето од околните места.

На денешната прослава, организирана од црковниот одбор, дојдоа верници од Гостивар, Тетово, Скопје и други места до Македонија како и нашинци кои живеат во странство. Одборот, ако не повеќе , за сите обезбеди по сендвич и пијалок.

Прославата започна вчера со звуците на зурлите и тапаните синоќа кои одекнуваа во дворот на осветлената црква подигната во чест и слава на пресвета Богородица.

Во живописното Леуново сместено на 1.500 метри надморска исочина се собраа изселените жители кои носталгијата за родниот крај ја преточија во изградба на викендички во кои го минуваат летото, а на гости им дојдоа и верниците од соседните села во мавровскиот крај.

Прославата на големиот празник посветен на упокојувањето и воскресението на Пресвета Богородица започна со вечерна Богослужба и режење на колачот принесен од кумовите, во величествената црква која датира од 19 век.

Голема почит имаат леуновчани кон Пресвета Богородица, за наредната година иницијаторите навестуваат уште побогата културна програма во црковниот двор.

И како што е редот на празнувањето на големите христијански празници во трпезаријата гостопримливите домаќини приредија посна а од благословениот посен грав вкусија и мештаните од соседните села.

Ана Костовска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.