04.05.2012 - 87 разни видови пожари во објекти и на други места и 15 во моторни возила минатата година, и дури 25 во првите три месеци од оваа година се суровите факти кои говорат за невиманието или нечовечноста кај луѓето кои ги причинуваат истите



Ниту затворските казни во времетраење од 6 месеци до 5 години за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, ниту казна затвор која изнесува најмалку осум години во ситуација кога пожарот е предизвикан во шума и со него е зафатена поголема површина, а штетите се позначителни, не ја зголемуваат свеста кај луѓето кога се движат во природа, во разни објекти или на други места.

Минатата година, според аналитичките податоци со кои располага СВР Тетово, на подрачјето на Тетово и Тетовско регистрирани се вкупно 87 разни видови пожари во објекти и на други места, како и 15 во моторни возила. Покрај ова, евидентирани се и 3 таканаречени фингирани пожари на моторни возила.

Во првите три месеци од годинава, пак, бројот на пожарите на ова подрачје изнесува 25.

Лани, СВР Тетово поднесе две пријави поврзани со пожари, односно за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.Во првите три месеци од оваа година, поднесени се 3 пријави за истото дело.и минатогодишните и годинашните пријави се против непознат сторител, за пожари во приватна куќа, моторни возила и верски објект.

Штетите од пожарите обично се фатални и тешко надоместливи а нивните сторители обично остануваат непознати. Пироманите палат, пожарникарите гаснат, на крај излегува дека казнувањето останува на природата која и тоа како може да биде сурова во спроведувањето на нејзините закони кога најмногу страда човекот, се уништува дрвната маса, настанува ерозија на почвите и шумите, се намалува количината на хумус во почвата а со тоа и нејзината производна вредност, угинуваат дивите животни, горат објекти...

Најголем број од шумските пожари настануваат како последица на неодговорно однесување на земјоделците, туристите, излетниците, граѓаните, а како најчест пример се палењата на сстрништа и растителни отпадоци кои се палат во близина на шумски комплекси.

Во последно време, карактеристична појава е пријавување пожари на електрични броила во куќи или станбени згради, особено на гостиварското подрачје,а неретко се случуваат и самозапалувања на моторни возила во движење или паркирани на отворен простор.

Соња Атанаскоска



 
     


 
 
22.05.2013 - Православните верници денес го одбележуваат празникот Свети Никола Летен

22.05.2013 - Црковно народен собир се одржа во тетовско Слатино во пресрет на празникот Свети Никола Летен

22.05.2013 - Празникот Св. Јован Богослов вчера се прослави во Отушиште

22.05.2013 - Социјалната нееднаквост меѓу луѓето што е се поизразена последниве децении придонесува луѓето се повеќе да чувствуваат љубомора и завист - предупредуваат психолозите.

22.05.2013 - И гостиварци против екстерното тестирање

22.05.2013 - Извршени акциски контроли во пет пекарници во Тетово

22.05.2013 - При сообраќајна незгода во Гостивар повредено 5 годишно девојче

22.05.2013 - Ќе се одржуваат свечености по повод празникот Свети Кирил и Методиј

21.05.2013 - Гостиварски средношколци открија како дождот и градот да ги искористат за производство на електрична енергија

21.05.2013 - Тетовските ученици денес пред општинската зграда излегоа на протест

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.