|
15.05.2012 - Младите вмровци викендов активно учествуваа во различни спортски дисциплини
Унијата на млади сили при ОК на ВМРО- ДПМНЕ Тетово започна со кампања чија цел е промовирање на вредностите на спортот, како и поттикнување и овозможување на се поактивно вклучување на младите во спортските активности.
Според, претседателот на тетовската унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, Славчо Србиноски, спортот значи добро здравје, но уште поважно, спортот го гради карактерот на човекот, го учи на јакнење на натпреварувачкиот дух, на почитување на противникот, да се биде горд на успесите но и да се извлече поука од поразите. Колку повеќе младите се посветуваат на спортот, толку повеќе се оттргнуваат од штетните влијанија на пороците.
Идејата на младите вмровци е токму таа да се промовираат вредноститена спртиските дисциплини, па оттаму и апелот до сите млади луѓе во градот да се приклучат во реализацијата на кампањата сите заедно да спортуваат.
Од Унијата на млади сили при ОК на ВМРО- ДПМНЕ Тетово посочуваат дека нивната улога како политички подмладок не е само политичка, туку и промовирање на општествена одговорност за работите кои се од интерес на младите, па така за УМС на ВМРО-ДПМНЕ, младите остануваат позитивна движечка сила и промотор на новите вредности во општеството и државата.
Лилјана Симуноска
|
|