15.05.2012 - Во изминатите 24 часа тетовско-гостиварскиот крај беа зафатени од влажен и студен воздушен бран проследен со обилни атмосферски врнежи кои во текот на денот на Попова Шапка и на другите повисоки предели преминаа во снег

Зима во мај е денешниот основен белег на Попова Шапка кој го наметнаа ниските температури и снежните врнежи кои ги имаше се до попладневните часови. На асфалтната сообраќајница и на затоплената почва околу хотелите новиот снег брзо се растопуваше. Снежните врнежи и ниските температури на Попова Шапка ги изненадија не само вработените во ДУТ Попова Шапка Елем туку и планинарите и другите посетители на планината. Нова снежна покривка е формирана на големи површини високопланински пасишта на Ливадица, Пирибег, Трапезница, Бориславец, Орловец, Кобилица, чаушица, Карабунар, Вакув , Плоча и на другите планини кои го сочинуваат шарпланинскиот венец.

Формирана е нова снежна покривка и околу Шарпланинските бачила каде вчера започнаа да се враќаат овците од зимското напсување на југ. Селидбата на овците од југоисточните во високопланинските пасишта во тетовско први ја започнаа индивидуалните сточари. Овците од нашето овчарско стопанство сеуште се на зимско напасување во околината на штип на пасиштата во долината на Брегалница и Вардар. Поради новите снежни врнежи нивното враќање во шарпланинските бачила ќе биде пролонгирано до почетокот на јуни. Ни изјави директорот на овчарското стопанство рагоево агро, дипломираниот инженер агроним Меџит Амити.

Обилните врнежи во Полошкиот регион мошне поволно ќе се одразат во областа на земјодлеството и овоштарството. Поради зачестените воздушни струења и високите температури во првата половина на овој месец забележливо беше намалена влажноста на почвата. Информираат од подрачната единица на министерството за земјодлество, шумарство и водостопанство.

Обилните врнежи ги израдува индивидуалните земјодлеци затоа што дождовите создадоа и резерви на влага која ќе го зголеми процентот на поникнување на пченката, крупнозрнестиот грав тетовец , како и на развојот на сите видови пролетни и есенски посеви.

Јован Булески



 
     


 
 
19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

19.05.2013 - Крводарителна акција во Брвеница

19.05.2013 - Во текот на следната недела, православните христијани чествуваат три празника

18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.