15.05.2012 - Граѓанскиот сектор на општина Јегуновце преку јавна дебата денес во просториите на општината се сретна со градоначалникот Тони Коцески со цел меѓусебно да се договорат околу заедничките активности кои ги очекуваат оваа година

Членови на граѓански здруженија, на спортски клубови и ловни друштва кои функционираат на територијата на општина Јегуновце, денес седнаа со нивниот градоначалник на иста маса и преку јавна дебата разговараа за поттикнување на нивните активности со кои заеднички се запознаа на трибината со тема: Поддршка на идеи и иницијативи за развој на граѓанскиот сектор во општина Јегуновце.

Основната цел на заедничката средба беше унапредување на заедницата преку развој на граѓанскиот сектор и воспоставување заедничка соработка на граѓанските организации со општината, при што беа и договорени заедничките активности за оваа година.

Во рамки на своите буџетски можности предвидени за граѓанскиот сектор, градоначалникот Коцески им посочи дека ќе бидат одобрени средства за промовирање на нивниот сектор. Но според градоначалникот Коцески, денешниот заеднички состанок со граѓанскиот сектор беше со друга примарна цел.

Согласно податоците од Централниот регистар на Македонија, во 2010 имало регистрирано 28 граѓански организаци. Од нив, до првата половина на минатат гдоина се пререгистрирале само три. И покрај малиот број граѓански огранизации, сите се подеднакво активни. Најбројни од нив биле спортските, веднаш по нив културните, потоа оние кои се активни во социо-хуманитарната област, а само една во делот на екологијата.

Соња Атанаскоска




 
     


 
 
25.05.2013 - Со завршен настан означен крајот на проектот Промоција на природните вредности на Шар Планина

25.05.2013 - Синоќа младите играорци од КУД "Извор" и културно - уметнички друштва од Хрватска и од Велес го одржаа традиционалениот меѓународен фолклорен фестивал пред мештаните на Жилче

25.05.2013 - Гостиварската локална власт ќе го спречува паркирањето на автомобили на тротоарите

25.05.2013 - Светот денес го одбележува Меѓународниот ден на исчезнати деца

25.05.2013 - СПОРТ

24.05.2013 - Македонската православна црква денес го чествува 24 мај Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј

24.05.2013 - Денес се слави Денот на словенските просветители, браќата Кирил и Методиј

24.05.2013 - Повеќе бебиња, но и повеќе разводи во Полог

24.05.2013 - Пароли и графити често пати досега се испишани на највпечатливи места во Тетово

24.05.2013 - Малолетници претепале 41-годишен тетовец

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.