|
15.05.2012 - Празникот Свети Атанасиј летен денес се славеше во тетовското село Фалише
Дождливото и невообичаено студено време, денес не ги поколеба верниците од село Фалише и околните места да присуствуваат на црковно народниот собир во чест на патронот на селото Свети Атанасиј. Чествувањето започна со света богослужба која ја отслужи протојереј Љубиша Блажевски, по што беа благословени и прережани славските колачи принесени од годинешните кумови.
Честа да се биде кум на прославата на Свети Атанасиј летен во село Фалише е голема, а ја имаат дири седум семејства од селото.
Некои од досегашните кумови обврската на кумството со радост ја прифаќаат повеќе години по ред.
Повозорасните жители на тетовско Фалише се сеќаваат на почетоците на славење на празникот, но и горди што тардицијата ја продолжуваат и младите.Колку овдешните мештани го почитуваат Свети Атанасиј, најдобро кажува податокот дека дури до 2027 година се пријавиле по 7-мина кумови за секоја наредна прослава на празник.
Традиционално последниве години фалишани во се поголем број, но не само од селото,туку и од други населени места, па и од Тетово и Гостивар, доаѓаат во селската црква да му оддадат почит на Свети Атанасиј, да запалат свеќи, да се помолат за здравјето на своите најблиски.
Чествувањето на празникот Свети Атанасиј-летен во тетоското село Фалише беше заокружен со братско - сестринска трпеза на љубовта за сите присутни православни верници.
Наташа Петровска
|
|