15.05.2012 - Полицијата вчера апсеше 40 годишник од Пирок во еден супермаркет во Тетово откако добиле судска наредба да го приведат за отслужување затворска казна

Купувачите во еден од супермаркетите во Тетово имаа невообичаена прилика да видат апсење на 40 годишникот кого полицијата го барала да го приведе бидејќи требал да одлежи затворска казна. Осудениот, инаку од тетовски Пирок вчера околу 21 часот бил виден во градот, а полицајците го забележале дека влегол во еден од супермаркетите.

-Тој се обидел да избега, но бил пресретнат и спречен од полициските службеници, а при приведувањето од јакната му испаднал пиштол „ЦЗ’’ калибар 7,65 милиметри со рамка со 4 куршуми, кој го поседувал без дозвола. Покрај Б.Ф, во Полициската станица Тетово приведен е и неговиот брат С.Ф ( 36 ) , кој го попречувал приведувањето, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски


Тетовската полиција тргнала да го апси откако била издадена судска наредба. 40 годишникот е осуден на шест месеци затвори поради сторено кривично дело недозволено држење оружје или распрскувачки материи. По вчерашното апсење денес е спроведен во тетовскиот затвор, а полицијата дополнително ќе поднесе соодветни пријави за вчерашниот настан.








 
     


 
 
18.06.2013 - Кон крајот на годината ќе се сече лентата на новата филтер станица во Вруток

18.06.2013 - Континуирано и без проблеми тече процесот на аплицирање за издавање на електронски здравствени картички во Тетово, ценат од подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување

18.06.2013 - Високите температури потенцијална опасност за избувнување пожари

18.06.2013 - Новиот генерален директор и членовите на управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје, вчера во Тетово беа претставени пред соработниците и клиентите на банката

18.06.2013 - Шумско индустрискиот комбинат Јелак од Тетово ќе се продава по намалена цена

18.06.2013 - Продолжи судскиот процес за незаконското доделување на 39 кредити во НЛБ Тутунска банка експозитура Тетово

18.06.2013 - Започнува Меѓународниот филмски фестивал "Watchout"

18.06.2013 - Стагнира спортскиот живот во Тетово

17.06.2013 - Дебата за статусот на реализација на политиките на Охридскиот рамковен договор се одржа денес на Универзитетот на Југоисточна Европа

17.06.2013 - Денес средношколците полагаа екстерни тестови

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.