15.05.2012 - Шеесетгодишен овчар од гостиварско Калиште цела ноќ се криел од волци кои го нападнале стадото што го напасувал


Го нападнале волци, се криел цела ноќ во шума и му снемало 60-тина овци од стадото. Ова е случката која шеесетгодишен овчар од гостиварско Калиште ја раскажал во полиција утрово, откако претходно го немало 24 часа и бил пријавен како исчезнат. Полицијата ја проверува приказната, дали навистина овчарот бил загрозен од глутница волци и зошто недостасува дел од стадото.

Според информациите од СВР Тетово, триесет и осумгодишниот сточар Спасен Т. од селото Печково вчера пријавил дека неговиот овчар ден пред тоа од рано наутро излегол да го напасува стадото во околната шума и не се вратил.

Подоцна од вкупно 263 овци биле пронајдени 200, а останатите ги немало. Сточарот успеал да стапи во контакт со неговиот овчар телефонски дури утрово. Тој му раскажал оти морал да се крие од волци кои се нафрлиле врз стадото.

Шеесетгодишниот овчар од Калиште немал никакви повреди, а од СВР Тетово соопштуваат дека разботат на расветлување на случката.

Љупка Антеска



 
     


 
 
18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

18.05.2013 - Врз основа на аргументирани претходни пријави за нелегално приредување на игри на среќа и разнобвидни малверзации Управата за јавни приходи затвори 6 обложувалници кај кои било утврдено непочитување на законите

18.05.2013 - "Знам и умеам" е квизот кој денес беше организиран за учениците од ОУ "Гоце Делчев" од Тетово

17.05.2013 - Одбележана 70-годишнината смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

17.05.2013 - ЕУ автобусот пристигна во Доброште

17.05.2013 - Арифи денес беше на гости кај Бејта

17.05.2013 - Гостиварскиот градоначалник во посета на домот на Исмет Фетаи

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.