|
16.05.2012 - Планините кои го сочинуваат шарпланинскиот масив обилуваат со разновидни планински и лековити билки , како и со ендемски растенија
Изобилството планински, лековити и други билки претставуваат еден од најубавите белези на планините кои го сочинуваат Шарпланинскиот масив. Некои од посетителите на овие убави предели нестручно и неконтролирано ги берат цветовите, растенијата или нивните корени со што се можни несогледливи штети врз флората.
Богатата флора и фауна е еден од основните и најубави белези на Ливадица, Пирибег, Чаушица, Кобилица, Бориславец, Орловец и сите други планини што го сочинуваат Шарпланинскиот венец. Во најдлабоките пазуви на Шар Планина, особено на карпестите предели и околу врвовите има дивокози кои често пати може да се видат и без двоглед.
Во шумските предели, особено во реонот на Љуботен, Плоча и кањоните на Пена, Бистрица, Боговињска река и Вратничка река има мечки, кои причинуваат штети во сточрството и пчеларството, а во почетокот на овој месец биле забележани и во месноста Хидроцентрала кај Тетово, како и во селата Варвара, Јеловјане, Брезно, Јелошник, Првце, НОво Село и други. Во изобилство има и друг разновиден дивеч.
Низ овие високопланински предели низ грмушките и боровинките се гнездат разновидни птици. Во карпестите предели, на Дупнат Камен, како и во месноста Лешница и живописниот Јелак има повеќе видови орли.
Високопланинските предели на Шарпланинскиот масив обилуваат со разновидни планински и друуги лековити билки, а на одделни места и со ендемски растенија. Во обвој период доминираат салепот, гороцветот и разновидните планински темјанушки и лутичиња.
Маршутите на плануианрските походи кои најчесто на овие предели се изведуваат во мај и во летните месеци водат низ овие и слични на километарски долги плантажи на разновидни видови планински цвеќиња и растенија.
За време на одморот или, пак, на цеклта се берат лековити и други билки кои кога ќе се исушат во сенка не ја губат ниту формата ниту бојата. На Љуботен има изобилство планински чај, чија берба престои. За да не се причинат штети врз флората на Шар Планина, пособено врз ендемските видови растенија биолозите препопрачуваат внимателно однесување при кинењето и бербата.
Јован Булески
|
|