16.05.2012 - Златниот накит и автомобилите привлечна мета за крадците во Полошко

Кражби на злато во две куќи во тетовско регистрирала полицијата

Вчеравечер помеѓу 20 и 21 часот, засега непознати сторители извршиле кражба во куќата на 41-годишник во село Боговиње, времено вработен во странство.Најпрво , тие се искачиле на терасата, а потоа низ незаклучената врата влегле внатре, ги пребарале двете спални соби и од регал одзеле дигитална камера , шест парчиња разновиден златен накит и позлатен часовник.Незабележани од никого во овој период, тие со одземеното набрзина избегале. Вкупната материјална штета се проценува на околу 1300 евра. Се преземаат активности за откривање на сторителите.

Дваесет и деветгодишник од Тетово , пријавил дека завчера околу 21 часот додека со семејството биле дома и вечерале, низ незаклучената врата во нивната куќа на улица „171’’ број 20 влегле две непознати, маскирани лица, кои нешто подоцна во ходникот ги забележала неговата мајка.Двете лица веднаш избегале, а домашните се упатиле кон спалната за да проверат дали нешто е украдено. При тоа, утврдиле дека им се одземени дваесетина парчиња разновиден златен накит, чија вредност се проценува на близу 6000 евра. По извршениот увид се работи на откривање на сторителите.

Во периодот помеѓу 14-ти и 15-ти овој месец, непознати сторители одзеле патничко моторно возило „Југо корал’’, сопственост на 66-годишник. Возилото било заклучено, но со клучот во брава, а се наоѓало на паркингот пред зградата во која живеел неговиот сопственик, на улица „Гоце Делчев’’ во Гостивар. Се преземаат активности за откривање на сторителите и за пронаоѓање на возилото.

Денеска наутро, СВР Тетово спроведе акциска контрола во село Боговиње , во рамките на која беа откриени и приведени 12 албански државјани.Приведените поседувале патни или други документи за идентификација, но непријавено престојувале на подрачјето. По целосното расчистување на сите поединости поврзани со нивниот престој и работење, против нив ќе бидат преземени соодветни мерки, односно ќе следат поднесоци.

Лилјана Симуноска


 
     


 
 
21.05.2013 - Гостиварски средношколци открија како дождот и градот да ги искористат за производство на електрична енергија

21.05.2013 - Тетовските ученици денес пред општинската зграда излегоа на протест

21.05.2013 - Отворени денови на училиштето "Вудроу Вилсон"

21.05.2013 - Учениците и професорите од средното техничко училиште во Гостивар ги презентираа смеровите и условите за настава во овој образовен центар

21.05.2013 - Полициски билтен на СВР Тетово

21.05.2013 - Дефекти на градската водоводна мрежа

21.05.2013 - Полежерни венчаници за понежен изглед

20.05.2013 - Основниот суд во Гостивар доби донација компјутери и опрема од Владата на Турција

20.05.2013 - Изложба на цртежи на тема Шараме за Шара како дел од проектот Промоција на природните вредности на Шар Планина денес беше отворена во основното училиште Андреа Савески Ќиќиш

20.05.2013 - Соопштение на НДП

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.