16.05.2012 - Шеесетина гости од повеќе земји од Југоисточна Европа беа во посета на општина Гостивар

Реформите во локалната администрација, справувањето со долговите, моделите на штедење, инвестициите, но и предизвиците на општина Гостивар беа презентирани пред шеесетина претставици од повеќе земји од Југоисточна Европа. Нивната посета беше организирана во рамки на проектот за зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа, кој е финансиран од Светска Банка.

Менаџирањето со буџетот на гостиварската општина почнувајќи од 2009-та до денес гостите го слушнаа од градоначалникот Руфи Османи.
- Сметам дека случајот на Гостивар е добар пример преку кој треба да се покаже како може успешно да тече менаџирањето со една општина која од самиот почеток се соочувала со бројни проблеми. Би ги напоменал овде наследените долгови и недобро структурираната администрација. Беа потребни многу реформи кои ние ги спроведовме за да дојдеме до позитивните резултати што подразбира висок процент на реализација на буџетот, ефикасни служби, низа инвестиции, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Руфи Османи.
Проектот за јакнење на капацитетите на општините од Југоисточна Европа се фокусира на три теми: финансирање, урбанистичко планирање и управување со земјиштето и општински услуги.
-Меѓу другото проектот се покажа како моќен инструмент за модернизирање на менаџерските практики во владеењето. Добар модел да се дојде до финансиско зацврстување на општините и да се идентификуваат специфичните акции за да се унапреди мобилизацијата на локалните ресурси, трошоците, распределувањето на финансиските средства, рече Ширете Елези од општина Гостивар.
Пред посетата на гостиварската општина гостите учествуваа на работилница во Маврово на која беа разменети различните искуства во менаџирањето на општините.
Општина Гостивар стана дел од овој проект минатата година.


 
     


 
 
19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

19.05.2013 - Крводарителна акција во Брвеница

19.05.2013 - Во текот на следната недела, православните христијани чествуваат три празника

18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.