|
16.05.2012 - Улицата "117" во Тетово ќе го носи името на Дритан Хоџа, починат претседател на телевизија во Албанија
Улица во Тетово ќе го носи името на починатиот претседател на најмоќната телевизија во Албанија, Топ Чанел. Советот на општина Тетово со бадинетерово мнозинство го усвои предлог на градоначалникот на општина Тетово Сади Беџети за преименување на улицата "117" со името на починатиот претседател на телевизиската куќа од Тирана, Дритан Хоџа.
Во петок на оваа улица што се наоѓа во близина на гимназијата, во присуство на високи претставници на албанската компанија Топ Медиа и истакнати личности на политичкиот и културниот живот, Општина Тетово ќе организира церемонија на преименување на улицата. Улицата 117 го добива името Дритан Хоџа во чест и почит на ликот на претседателот на Топ Медиа за неговата посветеност за развојот и демократизацијата на албанските медиуми како и исклучителниот придонес за соединување на сите Албанци истакнуваат тетовските општински власти.
|
|