|
18.05.2012 - Од денес па до среда Одделението на Агенцијата за катастарот на недвижности Тетово ги отвори вратите за директни средби со граѓаните
Петта година по ред Подрачното одделение на Агенцијата за кастастар на недвижности во Тетово организира отворени денови за граѓаните. Преку директни средби со вработените од денес па до среда од 9 до 18 часот, тетовци ќе имаат можност да разговараат за проблемите со кои се соочуваат во врска со катастарските предмети, но и да се информираат за новините во работењето на катастарот. Граѓаните кои денес се обратија до вработените главно беа задоволни од услугите што ги добиваат.
Граѓаните да го следат решавањето на предметот од дома по електронски пат наместо како досега на шалетерите на Одделението на катастарот за недвижности е придобивката од електронскиот катастар кој во Тетово треба да профункционира до крајот на јуни.
Од воспоставувањето на електронскиот катастар од пред пред две години до денес се повразани 26 града во Македонија, а благодарение на него решени се вкупно 950 илјади катастарски предмети.
Наташа Петровска
|
|