19.05.2012 - Тетово е домаќин на 13-тиот по ред Традиционален меѓународен турнир во шах за слепи лица

Здружението на слепи лица од Тетово, по 13-ти пат, е организатор и домаќин на Традиционалниот меѓународен шаховски турнир за слепи лица. Освен шахистите од Македонија, на овој турнир учествуваат и шахисти членови на Здруженија на слепи лица од нашите соседни земји. Целта на ваквите собири е пред се меѓусебното другарување.

Учесниците на турниот се задоволни од организацијата, и сметаат дека ова е убав начин за меѓусебно другарување, и се надеваат и на понатамошна соработка помеѓу здруженијата и се понатамошен успех.

-Веќе долги години доаѓам овде во Тетово. Многу сум почестен и задоволен со организацијата, со гостопримството и со големиот број учесници шахисти. Нам под број еден ни е дружењето, а шахот е поводот. Претчувствувам дека се проширува соработката. Гледам дека за првпат има и шахисти од Приштина, што го збогатува овој меѓународен шаховски турнир, и тоа е за пофалба-изјави Радован Јаковлевиќ- претседател на меѓуопштинска организација на слепи лица од Косовска Митровица.

Традиционалниот меѓународен турнир во шах за слепи лица започна вчера, а ќе трае се' до недела, кога ќе бидат прогласени најдобрите шахисти, за кои се обезбедени 5 пригодни парични награди, обезбедени од спонзори.

Данијела Петковска



 
     


 
 
20.05.2013 - Основниот суд во Гостивар доби донација компјутери и опрема од Владата на Турција

20.05.2013 - Изложба на цртежи на тема Шараме за Шара како дел од проектот Промоција на природните вредности на Шар Планина денес беше отворена во основното училиште Андреа Савески Ќиќиш

20.05.2013 - Соопштение на НДП

20.05.2013 - Полициски билтен на СВР Тетово

20.05.2013 - Во Лешок одбележана годишнината од смртта на Кирил Пејчиновиќ

20.05.2013 - Одржан меморијалниот фудбалски турнир Бобе Јуниор 2013

19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.