21.05.2012 - Четириесет и пет годишниот гостиварец, вработен во јавното претпријатие Комуналец вчера бил повреден кога врз него паднал одрон на земја додека ископувале канал за поставување канализација

Работник од Гостивар бил повреден при изведување градежни работи. Врз него паднал одрон на земја при ископ на канал за поставување канализациски цевки. Како што соопштуваат од МВР несреќата се случила вчера во претпладневните часови во седма зона во Гостивар.

Четириесет и пет годишниот гостиварец, вработен во јавното претпријатие Комуналец го затрупала земја. Откако бил извлечен со повреди бил пренесен во болницата во Гостивар каде му укажале медицинска помош, а подоцна бил префрлен на скопските клиники.

Од управата на претпријатието ја потврдија веста и информираа дека нивниот работник е во стабилна здравствена состојба и до утре се очекува да биде пуштен на домашно лекување.

- Екипата изведувала работи со висок ризик во кој случај секогаш сме подготвени за интервенција. Кога дошло до одронот тимот реагирал брзо и била избегната трагедија, велат од Комуналец.

Во моменатот кога се случил настанот на локацијата во седма зона работела екипа од пет работници и градежна машина.

Љупка Антеска





 
     


 
 
20.05.2013 - Основниот суд во Гостивар доби донација компјутери и опрема од Владата на Турција

20.05.2013 - Изложба на цртежи на тема Шараме за Шара како дел од проектот Промоција на природните вредности на Шар Планина денес беше отворена во основното училиште Андреа Савески Ќиќиш

20.05.2013 - Соопштение на НДП

20.05.2013 - Полициски билтен на СВР Тетово

20.05.2013 - Во Лешок одбележана годишнината од смртта на Кирил Пејчиновиќ

20.05.2013 - Одржан меморијалниот фудбалски турнир Бобе Јуниор 2013

19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.