22.05.2012 - Во пресрет на празникот Свети Николај-летен, православните жители од Слатина вчера го чествува овој празник на местото каде што некогаш постоела црква

Православните жители од населеното место Слатина, вчера во пресрет на празникот Свети Николај-летен, се собираа високо над селото, на местото каде што според преданијата е пронајден камен, кој потекнува од црквата, која се наоѓала на тоа место. Традицијата на местото каде што се наоѓа каменот да запалат свеќи за здравје на своите најблиски потекнува од дедо прадето, раскажуваат слатинчани.

Традиционално во пресрет на празникот Свети Николај-летен верниците кои се собираат високо над селото Слатина на местото каде што според преданијата постоела црквата се приредува заедничка трпеза. Трпезата ја благословија протојереј ставрофор Мирко Станковски и прота Перица Бојковски. Кумот се избира на доброволна основа.

Верниците од Слатина но и околните села кои редовно секоја година присуствуваат на собирот во пресрет на празникот Свети Николај-летен имаат голема желба во блиска иднина на местото каде сега сведочи каменот да се возобнови црквата за од некоја следна година уште подостојно и помасовно да се одбележува празникот, но и да се продолжи традицијата на нивните дедовци и прадедовци.

Наташа Петровска



 
     


 
 
18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

18.05.2013 - Врз основа на аргументирани претходни пријави за нелегално приредување на игри на среќа и разнобвидни малверзации Управата за јавни приходи затвори 6 обложувалници кај кои било утврдено непочитување на законите

18.05.2013 - "Знам и умеам" е квизот кој денес беше организиран за учениците од ОУ "Гоце Делчев" од Тетово

17.05.2013 - Одбележана 70-годишнината смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

17.05.2013 - ЕУ автобусот пристигна во Доброште

17.05.2013 - Арифи денес беше на гости кај Бејта

17.05.2013 - Гостиварскиот градоначалник во посета на домот на Исмет Фетаи

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.