24.05.2012 - Македонската православна црква денес го чествува 24 мај Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј

Централната прослава на 24 мај Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј во ТАН се одржа во соборниот храм Свети Кирил и Методиј. За прв пат поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан чиноначалствуваше свечена литургија за овој празник во тетовската соборна црква.

Со оглед дека денес се одбележуваше и Спасовден-Христово вознесение, по изминати 40 денови од Велигден, се празнуваше двоен празник. Неговото блаженство архиепископот Охридско македонски, поглаварот на МПЦ, ГГ Стефан и митрополитот Полошко кумановски Господин Кирил во сослужение со повеќе архимандрити, протојереи, јеромонаси, свештенослужители и ѓакони од Скопската митрополија, Полошко кумановската епархија и ТАН отслуотслужија света божествена архиерејска литургија.

Со духовни песни активно во литургијата учествуваше женскиот младински хор Менада под диригентсво на Ивица Зориќ. Беседа за големото и епохално дело на истакнатите сесловенски просветители светите браќа Кирил и Методиј произнесе поглаварот на МПЦ Господин Гиосподин Стефан.

За 45 годишнината на автоќефалната МПЦ и Охридска архиепископија на свеченоста зборуваше митрополитот Полошко кумановски Господин Кирил. Митрополитот Гоподин Кирил е единствениот жив потписник и учесник на Црковниот Собор во 1967 година на возобновување на целосната автокефалност на древната и стара архиепископија олицетворена во денешната Светоклиментова МПЦ.

На митрополитот Кирил за 45-те години предано служење како архипастир и на својот благороден народ, од еснафот и од сите верници на Тетовското архиерејско намесништво му беше свечено предадена плакета и пригодна награда.

По повод двојниот празник во конаците на манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Света Богородица во Лешок беше приредена заеднича трпеза на љубовта која ја благослови неговото блаженство архиепископот Охридско Македонски ГГ Стефан.

На пригодната свеченост во Лешочкиот манстир , претседателот на Здружението за култура Иљо Антески Смок од Тетово, Хаџи Милорад Ѓорѓески, по повод 90 годишнината на споменатото тетовско здружение му додели Плакета на митрополитот Полошко Кумановски гоподин Кирил.

Јован Булески


 
     


 
 
18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

18.05.2013 - Врз основа на аргументирани претходни пријави за нелегално приредување на игри на среќа и разнобвидни малверзации Управата за јавни приходи затвори 6 обложувалници кај кои било утврдено непочитување на законите

18.05.2013 - "Знам и умеам" е квизот кој денес беше организиран за учениците од ОУ "Гоце Делчев" од Тетово

17.05.2013 - Одбележана 70-годишнината смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

17.05.2013 - ЕУ автобусот пристигна во Доброште

17.05.2013 - Арифи денес беше на гости кај Бејта

17.05.2013 - Гостиварскиот градоначалник во посета на домот на Исмет Фетаи

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.