27.05.2012 - Дивата сеча на дрва на Шар Планина започна да предизвикува ерозија на земјиштето

Надлежните никако да ја заштитат шумата на Шар Планина. Дрвокрадците без никој да ги спречи среде ден бесправно сечат дрва. Селаните од тетовско Џепчиште велат дека во нивниот шумски атар сопственост на црквата и државата, секојдневно се сече и краде дрва а потоа истите се транспортираат и продаваат во блиските села. Ваквата појава ја регистрираше и нашата камера, дрвокрадци со неколку коњи се упатуваа во високите падини на Шара.

Ваквото пустошење на шумата во последно време предизвикува лизгање на земјиштето на Шара велат селаните. По секој дожд сме принудени да ја чистиме калта, која поради ерозијата надоаѓа во нашите дворови и бавчи.

И од двете институции надлежни за заштита на шумскиот предел на Шар Планина, велат дека се немоќни да ја спречат дивата сеча. Од тетовската подружница на Македонски шуми, изјавија дека немаат доволно шумочувари за целосно да ја контролираат планината. И од Шумска полиција со исто оправдување, за планинскиот предел од тетовскиот регион велат, се грижат само 20 полицајци.

Зоран Димовски


 
     


 
 
21.01.2017 - Ниските температури изминатиот период предизвикаа оштетување на вентилите или водомерите

20.01.2017 - По зимски распуст од три седмици во понеделник ќе започне второто полугодие од учебната 2016/2017 та година

19.01.2017 - Одбележување на празникот Водици во населените места Раотинце, Сиричино и Туденце

19.01.2017 - Богојавленски чествувања денес имаше и во населените места Челопек, Теново и Прељубиште

18.01.2017 - Задоцнетиот официјален старт на ски сезоната на Попова Шапка со многу проблеми

18.01.2017 - Полициски билтен

18.01.2017 - Со збирка на уметнички дела под едно име - Континиум, Игор Јосифов ќе ја разбие културната монотонија во Тетово

18.01.2017 - Водокрст одбележан во Тетово

17.01.2017 - Американскиот дипломат Вилијам Вокер во посета на Тетово

17.01.2017 - Нова снежна покривка која на повеќе места ќе се зголеми за 20 до 30 саниметри, најавуваат метеоролозите

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.