| |
 |
|
|
 |
|
| |
|
|
01.06.2012 - Во пресрет на викендот на 3 различни места низ Тетово се случија дефекти на делови од главната водоводна мрежа поради што имаше неколкучасовни прекини во снабдувањето со вода
За проблемот да биде уште поголем овој дефект на главната водоводна мрежа во населбата Борис Кидрич во Тетово се случил на една од најфрекфентните градски крстосници во близина на новоотворениот салон за разубавување Силуете, кај објектот Тетовчанка. Дефектот настанал во неопределено време кога дошло до прскање на дел од главната водоводна цевка на булеварот Благоја Тоска со профил ФИ 80.
Овој дефект доби приоритет при овој вид комунални работи. По неговото пристапување ќе се санираат и ппоследиците од другиот дефект во близина на комбинираната детска установа Младост во оваа населба. Интензивно се работи и на целосно санирање на последиците од прскањето на главната виодоводна мрежа под монтажниот и дотраан објект при гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово каде наставата на македонски јазик ја изведуваа па 8 паралелки.
Сите 3 дефекти на делови од главната водоводна мрежа низ Тетово се случиле поради зголемениот притисок предизвикан од оптималната искористеност на нивниот профил за што свое влијание има и зголемената штедрост на изворите и проток на максимални количества вода ниц цевоводите и градската водоводна мрежа, соопштуваат од Водовод и канализација во состав на ЈКП Тетобво.
Јован Булески
|
|
| |
|
|
|
|
|
|