|
08.06.2012 - Претседателот Ѓорге Иванов кој е покровител на кампањата Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување престојуваше во Тетово
Најпрвин претседателот Ѓорге Иванов ја посети Шарената џамија во Тетово кој е еден од позначајните културно историски споменици во тетовскиот крај каде беше пречекан од градоначалникот на Општина Тетово д-р Сади Беџети и од претставници на Исламската верска заедница. Таму беше придружуван и од амбасадорот на САД вио Македонија Пол Волерс,како и од прдаоначалници и ученици од општините Врапчиште, Прилеп, Шуто Оризари, Центар Скопје и Старо Нагоричане кои се опфатени во проектот спортот како фактор за толеранција, почитување и заедништво.
Во паркот крај џамијата и реката Пена претседателот Иванов разговараше со учениците и нивните наставаници. Мотото на кампањата во целост беше прикажано и потврдено во Шарената џамија во паркот, низ дефилето на булеварот Илинден, низ другарувањето и спорските натпревари на градскиот плоштад во градот под Шара. Спортот и другарувањето ги зближува луќето подвлече претседателот Ѓорге Иванов.
За успешнмото реализирање на програмата од споменатата кампања во Тетово лично придонесе и градоначалникот на Тетово д-р Сади Беџети
Кампањата спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување е подржана и од амбасадорот на САД во македонија Пол Волерс
кој меѓу првите пристигна во Тетово и ги следеше активностите.
Тетово е 5-та општина по ред во која се реализира дел од програмата на споменатата кампања. За време престојот во Тетово претседателот ѓорге Иванов ја посети катедралната црква Свети Кирил и Методиј во населбата 2 бреста. Во Народната канцеларија во Тетово претседателот Иванов имаше средба со граѓани со цел непосредно и изворно да се запознае со нивните забелешки и тешкотии на кои наидуваат.
Јован Булески
|
|