09.06.2012 - Интернационалниот циркус Сафари предизвика голем интерес кај луѓето

Од најмали до највозрасни, тетовци деновиве уживаат во претставите на реномираниот интернационален циркус Сафари.

Редиците пред влезот и пополнетите места во циркусот покажуваат дека луѓето сакаат да го видат шоуто на циркузантите од различни земји.

Претставите започнуваат со музичката точка на мистер Коко, потоа следува училиштето за лавови, хулахопот на Том, точките со разни животни: пониа, бикови од Африка, коњи, камила, слонови.

Публиката беше воодушевена и од точката Стариот Рим, односно од перформансите со оган.

Во нивното шоу е направена комбинација од класичен со модерен циркус. Класичен значи акробари, кловнови, тренери на животни и модерниот дел е костими, светла, пеење и играње заедно со публиката.

За време на паузите тетовци јаваа на пониа и камила, а ги погледнаа и животните во циркуската зоолошка градина.

Циркусот Сафари своите претстави во Тетово ќе ги прикаже и утре, а следна негова дестинација се Гостивар и Скопје.

Од 13 до 17 јуни, интернационалниот циркус Сафари гостува во Гостивар. Дневно ќе се одржуваат по две претстави, во 18 часот и во 20.30 часот. Циркусот ќе биде сместен во Гратски стадион парк.

Данијела Петковска




 
     


 
 
19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

19.05.2013 - Крводарителна акција во Брвеница

19.05.2013 - Во текот на следната недела, православните христијани чествуваат три празника

18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.