| |
 |
|
|
 |
|
| |
|
|
09.06.2012 - Двојно зголемено производство во Везе Шари
Кога во Тетовскиот крај се анализираат успесите постигнати во областа на стопанството како убав пример се подвлекува фирмата Везе шари во Тетовското село Требош.
Изградена е пред 12 години со македонско германски капитал и во континуитет постигнува рентабилност во работењето.
Во градбата на објектите , нивното опремување и во процесот на производство се применети врвни стандарди со спроведување на сите критериуми предвидени со ХАСАП системот.
Сето тоа придонесува овој стопански објект да биде еден од најголемите и најсовремно опремени во Македонија и Европа.
Пред извесно време е активирана новоизградената хала за кокошки несилки со што двојно е зголемено производството на јајца.
Во халата за дгледување пилиња се автоматизирано и единствен вработен е ветеринар. Со тоа се обезбедуваат висококвалитетни несилки на најекономичен начин и без транспортни и други дополнителни трошоци.
Во нејзин состав успешно работи фабриката за преработка и прроизводство на сувомеснати производи Леккер, како и погонот за производство на концентрат.
Примената на врвни критериуми и стандарди и со максимална застапеност на автоматиката, заедно со реализираниот проект за заокружување на производството овозможуваат намалување на производните и други трошоци.
Сето тоа придонесува Везе Шари со своите производи да биде конкурентен на домашните и странските пазари. Оваа мошне успешна фирма во областа на прехранбената индустрија во Македонија зачестено ја посетуваат стопанственици од земјава и странство. Таму беа и членките на македонско германската стопанска комора.
Стручно раководниот тим на Везе шари од Требош континуирано работи на реализација на новиот проеклт за проширување на на происводството и зголемување на бројот на несилките на 240 илјади. Со тоа ќе бидат создадени услови годишното производство од 35 милиони јајца да биде двојно зголемено.
Инаку во Везе Шари во тетовски Требош работниците чиј број изнесува 70 редовно примаат плата и доследно се исполнуваат сите обврски спрема државата и добавувачите.
|
|
| |
|
|
|
|
|
|