09.06.2012 - Свечена промоција на апсолвентите од 8-та генерација на Универзитетот а Југоисточна Европа во Тетово

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денес беше промовирана осмата генерација на апсолвенти. Свеченоста започна со традиционалното исполнување на академската химна Гаудемус Игитур.

Претседателот на одборот проф.д-р Денис Фарингтон прв им го честита завршувањето на универзитетското образование на студентите.

Сите кои дипломираа годинава добија сертификати.Седумстотини апсолвенти од сите факултети на тој начин свечено го одбележаа тригодишното образование на Универзитетот.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Замир Дика истакна дека денес заедно се слават успехот на едно патување исполнето со предизвици, потешкотии но и со убави моменти.

-Вие почитувани студенти стекнавте знаење, интелектуална конфигурација и вештини за критична анализа кои ќе ги користите на најдобар можен начин во вашите кариери, порача ректорот во своето обраќање.

Беа прогласени и најдобрите студенти од сите факутети на универзитетот на Југоисточна Европа, Арлинд Муслиу, Данијела Анѓелковска, Доника Зендели,Дајана Димитриевска,Леонора Пашо.


Александар Самарџиев




 
     


 
 
18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

18.05.2013 - Врз основа на аргументирани претходни пријави за нелегално приредување на игри на среќа и разнобвидни малверзации Управата за јавни приходи затвори 6 обложувалници кај кои било утврдено непочитување на законите

18.05.2013 - "Знам и умеам" е квизот кој денес беше организиран за учениците од ОУ "Гоце Делчев" од Тетово

17.05.2013 - Одбележана 70-годишнината смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

17.05.2013 - ЕУ автобусот пристигна во Доброште

17.05.2013 - Арифи денес беше на гости кај Бејта

17.05.2013 - Гостиварскиот градоначалник во посета на домот на Исмет Фетаи

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.