|
09.06.2012 - Седум објекти во кои се организирале игри на среќа во Тетово и Гостивар се затворени
Во вториот налет на акцијата Детонатор во Тетовско и Гостиварско полицијата и Управата за јавни приходи утврдиле дека седум од 10-те објекти кои биле контролирани работат без лиценца.
Седумте клубови кои организирале игри на среќа се запечатени од страна на УЈП.
Во еден објект се констатирани неправилности во работењето, односно имале повеќе апарати од издадената лиценца.
Најдени се вкупно 128 апарати за игри на среќа, шест рулет маси и покер холдинг маса. Операцијата Детонатор нема да запре и продолжува да се спроведува насекаде низ државата, порача министерката Јанкуловска.,
Гордана Јанкуловска:Во минатото имаше секакви шпекулации дека акцијата е локализирана и одредени подрачја не се предмет на интерес на институциите, но со оваа акциска контрола која ја имавме заедно со УЈП потврдуваме дека контролата мора да се одвива и ќе се одвива на секој сантиметар на територијата на Република Македонија
Првата акција Детонатор во Тетово беше во април. Полицијата и УЈП поради сомневање за нелегално работење од локал во самиот центар на градот одзеде 49 покер апарати и 2 рулет маси.
Александар Самарџиев
|
|