11.06.2012 - Поранешни полицајци се обвинети за двојното убиство во градот Бреша

Италијанските истражни органи ја завршија судската истрага за убиството и за големата измама на тетовците Екрем Салија (45) и неговиот бизнис-партнер Христо Узунов (42), кои беа пронајдени мртви во гардот Бреша во Италија, во средината на октомври лани, објавува денес дневниот весник Днвник За двојното убиство се обвинети поранешните полицајци Лука Черубини (38) и Даниеле Саравини (34). Третообвинетиот Андреа Волоњи (37) е обвинет за измама заедно со уште други двајца.

Во ноември годинава е закажано судењето и дури тогаш ќе се знае кој точно ги застрелал двајцата тетовци, објавува Дневник. Откако Интерпол распиша меѓународна потерница, третообвинетиот Волоњи беше уапсен во едно од најпознатите туристички места во Тунис.

Според истражните органи Черубини се товари дека ги убил тетовците Узунов и Салија по налог на Саравини, кој не сакал да им ги врати 400.000 евра што му ги дале како гаранција за кредит од 26 милиони евра за изградба на шопинг-центар во Скопје. Тетовците наскоро сфатиле дека се дел од голема измама и дека кредитот никогаш нема да го добијат. Кога сакале да си ги вратат парите оставени како гаранција, тогаш поранешните полицајци одлучиле да ги убијат.

Во полициска станица, но и пред судските органи Черубини и Саравини имале различна одбрана. Черубини негирал дека тој ги убил обајцата, објавува Дневник.




 
     


 
 
24.05.2013 - Македонската православна црква денес го чествува 24 мај Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј

24.05.2013 - Денес се слави Денот на словенските просветители, браќата Кирил и Методиј

24.05.2013 - Повеќе бебиња, но и повеќе разводи во Полог

24.05.2013 - Пароли и графити често пати досега се испишани на највпечатливи места во Тетово

24.05.2013 - Малолетници претепале 41-годишен тетовец

24.05.2013 - Намалена е бројката на идни возачи кои го следат курсот за прва помош во Општинската организација на Црвениот крст во Тетово

23.05.2013 - Одбележан патрониот празник на основното училиште Кирил и Методиј од Тетово

23.05.2013 - Божествена литургија по повод денот на Св. Кирил и Методиј утре во црквите во Тетово

23.05.2013 - За два до три месеци ќе биде завршен резервоарот во населеното место Сиричино со што што сите населени места од долниот дел на општина Јегуновце ќе се поврзат на новиот регионален водоснабдителен систем

23.05.2013 - Квалитетните сместувачки капацитети и погодните временски прилики се причина за значителната посетеност на Попова Шапка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.