11.06.2012 - Откако ТВ Кисс вчера објави за сообраќајна незгода во саботата за која полицијата немаше информации денес од СВР Тетово соопштија детали

СВР Тетово денес во соопштение објави за сообраќајна несреќа во која велосипедист заврши на скопските клиники, за која вчера информираше нашата телевизиска куќа. Сообраќајката се случила во саботата околу 11 часот, на крстосницата на улиците „Видоја Смилевски-Бато’’ и „29 ноември’’ во Тетово, при што патничко возило „Голф’’ со странски регистерски таблици, што го управувал 23-годишен жител на Жеровјане, удрил во 56-годишен велосипедист од Тетово. Од удирањето, велосипедистот задобил сериозни телесни повреди и веднаш со возило е пренесен во тетовскиот клинички центар. По укажаната лекарска помош таму, итно е префрлен на скопските клиники.

Извршен е увид со учество на екипа од СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител. Се расветлуваат сите поединости поврзани со причините и се друго околу оваа сообраќајна незгода. Велосипедистот се соочува во можна хириршка интервенција на главата додколку деновиве не се подобри неговата здравствена сосојба.

Во полицискиот билтен на СВР Тетово се регистрирани и неколку кражби. Кратци од куќа во Тетово одзеле 400 евра, 4000 денари и десетина парчиња разновиден златен накит, во вредност од околу 480 илјади денари.

Неуспешна кражба се случила во куќа во гостиварското село Градец. Кратците од рерната од шпоретот одзеле кутија со златен накит, но според кажувањето на пријавителите, тие биле забележани, по што ја оставиле кутијата и одзеле 5 парчиња златен накит со кои избегале.

Полицијата презема активности за откривање на сторителите И во двете кажби.

Во полицијата е пријавено дека жител на Порој на својата нива во месноста „Табашница’’, додека ја копал пченката, пронашол дел од минофрлачка граната М-80. Извршен е увид, а пронајдената експлозивна направа е подигната и соодветно транспортирана од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.

Данијела Петковска


 
     


 
 
19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

19.05.2013 - Крводарителна акција во Брвеница

19.05.2013 - Во текот на следната недела, православните христијани чествуваат три празника

18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.