| |
 |
|
|
 |
|
| |
|
|
11.06.2012 - Гостиварското јавно претпријатие Комуналец со финансиска поддршка на локалната самоуправа реализира повеќе проекти за изградба на канализација и реконструкција на водоводната мрежа
На повеќе локации на подрачјето на Гостивар периодов се работи на проекти за изградба на канализација и реконструкција на водоводната мрежа. Проектите ги реализира јавното претпријатие Комуналец со финансиска поддршка на локалната самоуправа.
Околу 100 илјади евра ќе бидат потрошени за изградба на канализација во гостиварско Здуње. Со овој зафат третина од домаќинствата што живеат во селото ќе може да се приклучат на мрежата.
-Во моментов ја реализираме првата фаза од овој проект, односно градиме канализација за 12 семејства. Инаку вкупната должина на предвидената канализација е еден километер, објаснуваат од јавното претпријатие.
Во рамки на градежните работи во Седма зона во Гостивар се гради канализација во должина од 320 метри за приклучување на 25 домаќинства. Во овој дел инвестицијата вреди 30 илјади евра.
Од левата страна на Кејот на Вардар планирана е замена на старите дотраени водоводни цевки и реконструкција на водоводната линија во должина од скоро еден километар. Во првата фаза се менуваат цевки во должина од 350 метри како подготовка за изградба на шеталиште во овој дел на Кејот. Проектот ќе се заокружи целосно откако на сметката на претпријатието ќе легнат парите од кредитот од КФВ банка.
Комуналец го очекуваат и друг активности предвидени со недамна усвоената Програма за организација на јавни работи за подобрување на животната средина. Станува збор за замена на 7.000 водомери и шеесетина привремени вработувања.
Љупка Антеска
|
|
| |
|
|
|
|
|
|