12.06.2012 - Полицијатата изминатиот викенд учествуваше на спортски натпревари во мал фудбал, одбојка и кошарка

Изминатиот викенд во Крушево се одржаа полициски спортски натпревари во мал фудбал, одбојка и кошарка.

На натпреварите учествуваа по пет екипи од СВР Битола, СВР Тетово, СВР Охрид, Бирото за јавна безбедност и Регионалниот центар Запад.

Во мошне силна и резултатски изедначена конкуренција, фудбалската екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово беше најдобра и го освои првото место на овој квалификационен турнир.

Првото место на турнирот, исто така, го освои и одбојкарската екипа на СВР Тетово.

Првопласираните екипи во трите конкуренции, односно дисциплини ќе настапат на претстојните завршни синдикални игри, кои во септември годинава ќе се одржат во Охрид, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, утре од 9 до 13 часот ќе се организира, односно спроведе крводарителска акција, во рамките на која вработените ќе имаат можност на дело да ја искажат своја несебичност и хуманост.

Тоа ќе биде втората акција годинава и во неа се очекуваат најмалку четириесетина нови единици од течноста која живот значи, што е посебно значајно во летниот период во кој се и најголеми потребите за крв.

Во претходната акција пролетоска беа собрани триесетина единици, а лани вкупната бројка на ваквите единици изнесуваше над 100.

Даниејла Петковска


 
     


 
 
19.06.2013 - По тесниот дел од булеварот Браќа Ѓиноски во Гостивар од утре возилата ќе може да се движат само еднонасочно

19.06.2013 - Дефект на водоводот повторно причина за прекин на водоснабдувањето во Тетово

19.06.2013 - Работна средба за примената на законто за бесплатна правна помош се одржа во Тетово

19.06.2013 - Oдбележан Светскиот ден на акредитацијата и 10 годишнината од основањето на Институтот за акредитација на Република Македонија

19.06.2013 - Од следната академска година на Штуловиот универзитет започнуваат новите мастер студии по здравствен менаџмент

19.06.2013 - Фестивалот на хорско пеење Тетовски Хорски Одѕиви-ТЕХО викендов ќе се одржува по 22-ти пат

19.06.2013 - Две жени ограбиле старец

19.06.2013 - Акциска контрола на сообраќајната полиција

18.06.2013 - Кон крајот на годината ќе се сече лентата на новата филтер станица во Вруток

18.06.2013 - Континуирано и без проблеми тече процесот на аплицирање за издавање на електронски здравствени картички во Тетово, ценат од подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.