12.06.2012 - Трета година по ред основното училиште Андреа Савески Ќиќиш од Тетово по повод крајот на учебната година организира мултиетничка приредба

Мултиетничка приредба по повод крајот на учебната година веќе трета година по ред организира основното училиште Андреа Савески Ќиќиш од Тетово.

Ученици со настава на македонски, албански и ромски јазик изведуваат заеднички точки на сите три јазици.

Учениците од прво до четврто одделение последниве неколку недели со многу љубов и ентузијазам го вежбаа својот настап после часовите.

Пред родителите, роднините и пријателите во дворот на училиштето вчера покажаа колку успешно умеат да пеат и рецитираат на македонски, албански и ромски јазик без разлика кој е нивниот мајчин јазик.

Oсновното училиште Андреа Савески Ќиќиш од Тетово ја организира мултиетничката приредба на крајот на учебната година како дел Проектот за мултиетничка интеграција на Македонскиот образовен систем.

Наташе Петровска


 
     


 
 
17.05.2013 - Одбележана 70-годишнината смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

17.05.2013 - ЕУ автобусот пристигна во Доброште

17.05.2013 - Арифи денес беше на гости кај Бејта

17.05.2013 - Гостиварскиот градоначалник во посета на домот на Исмет Фетаи

17.05.2013 - Во насока на развивањето на малите бизниси денес во Маврово беше потпишан и меморандум за разбирање

17.05.2013 - Со грандиозен свечен концерт, вчера вечер, здружението за култура и уметност Иљо Антески Смок од Тетово одбележа 91 години од своето постоење

17.05.2013 - Одиграна куклена претстава во ОУ Братство Миѓени

17.05.2013 - Повеќе од 19 илјади повици за помош регистрирала Првата детска амбасада "Меѓаши" во изминатите 20 години

17.05.2013 - СВР Тетово и Државниот пазарен инспекторат во заедничка акциска контроола по тетовските бутици

17.05.2013 - Навивачките групи на фудбалските екипи на Шкендија и Тетекс фер и коректно да се однесуваат на престојното финале

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.