|
12.06.2012 - На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денес се одржа Национална високообразовна конференција "Квалитет на учење и настава: политики и практики
Национална високообразовна конференција "Квалитет на учење и настава: политики и практики" денес се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
На конференцијата, која ја отвори министерот за образование и наука, Панче Кралев, присустуваа професори кои ги истакнаа своите искуства и истражувања на оваа тема, како и претставници од сите универзитети во Македонија, кои ги претставија своите трудови.
Заклучоците кои ќе произлезат од оваа конференција ќе му помогнат на Министерството за образование во имплементирање подобри и поквалитетни политики, затоа што многу е важно како Македонија ќе работи во иднина на подобрување на квалитетот на високото образование, потенцираше министерот Кралев.
Многу е важно да се зајакне соработката помеѓу универзитетите во земјава, со цел подобрување на квалитетот на учење и настава, затоа што секој универзитет има визија и се труди да биде најдобар, рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Замир Дика.
На денешната конференција пленарни излагања имаа професор Павел Згата и д-р Томас Олсон, а беа организирани работилници во паралелни сесии, како и презентации на постери од студенти.
Данијела Петковска
|
|