12.06.2012 - Сопствениците на кафулиња и дискотеки летово не треба да пуштаат прегласна музика во нивните објекти

Со започнувањето на летниот распуст, најголемиот број од кафулињата, отворените тераси и дискотеките во Тетово и Гостивар ќе бидат многу почесто посетувани од младите, посебно во доцните вечерни часови, кога и најчесто се организираат разно-разни забави и други видови дружења.

На ваквите забави неретко се пушта прегласна музика, со што најдиректно се вознемируваат граѓаните кои живеат во непосредна близина на угостителските објекти. Ова , посебно се однесува на објектите кои се сместени во приземјата на станбените згради, но и воопшто.

Секторот за внатрешни работи Тетово им укажува на сопствениците на кафулињата и дискотеките , меѓутоа и на сите други граѓани да се воздржат од пеење, користење музички инструметни, пуштање прегласна музика од радио и тв-апарати, музички системи или од друг вид врева во периодот помеѓу 15 и 18 и од 23 до 6 часот наутро.

За секое пријавено нарушување на мирот во овој период, кое непосредно ќе се утврди со употреба на адекватна опрема, односно со фонометар, ќе се изготви и поднесе барање за поведување на прекршочна постапка , додека глобата за овој вид прекршок изнесува од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Глобата за правно лице, пак, се движи од 500 до 1000 евра и плус 200 до 500 евра глоба за одговорното лице на правниот субјект.

Глоба од 500 до 800 евра ќе му се изрече на трговец-поединец кој врши угостителска дејност, а не преземе конкретни мерки да да го спречи нарушувањето на јавниот ред и мир во неговиот објект.

Секторот за внатрешни работи Тетово претстојново лето засилено ќе ги контролира угостителските објекти и секаде каде што ќе утврди нарушување на јавниот ред и мир соодветно ќе реагира.

Даниејла Петковска


 
     


 
 
18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

18.05.2013 - Врз основа на аргументирани претходни пријави за нелегално приредување на игри на среќа и разнобвидни малверзации Управата за јавни приходи затвори 6 обложувалници кај кои било утврдено непочитување на законите

18.05.2013 - "Знам и умеам" е квизот кој денес беше организиран за учениците од ОУ "Гоце Делчев" од Тетово

17.05.2013 - Одбележана 70-годишнината смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

17.05.2013 - ЕУ автобусот пристигна во Доброште

17.05.2013 - Арифи денес беше на гости кај Бејта

17.05.2013 - Гостиварскиот градоначалник во посета на домот на Исмет Фетаи

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.