| |
 |
|
|
 |
|
| |
|
|
12.06.2012 - Тетово ќе се подновува со нови три кружни текови во сообраќајот на различни локации во градот
Најавуваните кружни текови во сообраќајот на различни локации во Тетово наскоро ќе се изградат за да го решат долгогодишниот проблем со сообраќајниот метеж.
Неделава почна изградбата на кружен тек на крстосницата на улиците Видео Смилевски Бато и Браќа Миладиновци или во близина на фабриката Тетекс.
Имено извадени се семафорите кои досега го регулираа сообраќајот, а се очекува да започнат работите околу обележувањето и ископувањето. Деновиве исто така треба да започнат и работите на новиот кружен тек на крстосницата на булеварите Илирија и Видео Смилевски Бато кај супермаркетот ВЕРО.
Како што ни изјавија од општина Тетово изградбата на кружните текови кај планирана е да заврши за 30 работни денови заедно со поставувањето на асфалтен слој. Од општината најавуваат дека наскоро ќе започнат работите за изградба на кружен тек и на влезот на Тетово кај трговскиот центар Рамстор.
Работите пак, околу реализирањето на втората фаза за изградба на кружен тек кој кај касарната се во полн ек. За овој проект општина Тетово издвоила вкупно 34 милиони денари со кои пари ќе се покријат и трошоците за асфалтирање на цел булевар со вкупна должина од 24 метри. Со проектот е планирано и поставување на улично осветлување, хоризонтална и вертикална сигнализација и тротоар за пешаци.
Од општина Тетово апелираат до граѓаните и учесниците во сообраќајот да бидат крајно внимателни на местата каде се работи на кружните текови додека целосно да заврши изградбата и нормално да се воспостави собраќајот.
Наташа Петровска
|
|
| |
|
|
|
|
|
|