15.06.2012 - Јавното претпријатие Комуналец гради канализација во населбата Ќерамидница

Новата канализација ќе стави крај на маките на сопствениците на ниви во месноста Ќерамидница, гостиварско. Наместо да се дават во фекалии, тие конечно ќе можат да си го обработуваат земјиштето. Јавното претрпијатие Комуналец започна со изградба на канализација која како што објаснуваат се прави според сите стандарди. Важноста на проектот ја гледаат во избегнување на можноста од зарази и епидемии кои се закануваа поради излевањето на фекалиите на површина од околу 5 хектари.

Со претходниот проект за канализација од 2008-ма година, цевките од блиската населба Циглана кои собираа отпадни води од стотина домаќинства завршуваа во нивите. Минатото лето сопствениците на земјиштето искажаа незадоволство и страв од последици по здравјето.

За реализација на проектот предвидено е да бидат потрошени околу 30 илјади евра. Работите се очекува да се заокружат за неколку дена.

Љупка Антеска


 
     


 
 
19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

19.05.2013 - Крводарителна акција во Брвеница

19.05.2013 - Во текот на следната недела, православните христијани чествуваат три празника

18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.