|
15.06.2012 - Геодетски фирми од Тетово добија кривични пријави за повреда на интелектуалната сопственост
Вкупно 5 кривични пријави за повреда на правото на пријавен заштитен пронајдок ќе поднесе СВР Тетово против тетовски геодетски фирми. Во заедничка акција на СВР Тетово, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат утврдено е дека околу половина од контролираните геодетски правни субјекти користеле нелегален софтвер.
Во заедничка акција од страна на инспекторите на Управата за јавни приходи најдени се неправилности кај 3 правни субјекти во делот на финасиското работење, при што изречена е глоба од над 3000 евра во денарска противреденост и забрана за работа од 30 денови. Пазарните инспектори пак, во оваа акција не наишле на поголеми неправилности, осве што на една од геодетските фирми и изрекла мерка за доедукација.
Како што беше најавено на денешната прес конференција на координативно тело за заштита на интелектуална сопственост, наредните контроли ќе се вршат за проверка на користење на лиценциран софтвер во здраствените ординациите.
Наташа Петровска
|
|