16.06.2012 - Во организација на Здружението на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија од Тетово во манстирскиот комплекс Свети Атанасиј и Света Богородица во Лешок беше одржан собир на членови од здруженијата на повеќе градови во Македонија

Традиционалната републичка средба на Здружнијата на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија од Тетово и голем број други градови на Македонија, годинава се одржа во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Света Богородица во Лешок. За време престојот во тетовскиот крај, членовиет на споменатите здруженија разгледаа некои од културно истоприските споменици во градот, а некои ја посетија и Попова Шапка.

Во дворот на ова древно манастирско светилиште гостите од Охрид, Скопје, Битола, Гевгелија, Штип,Струмица, Кичево, Гостивар и од други места на Македонија беа пречекувани од девојки облечени во изворни народни носии од Вратница. Притоа беа искажани изворните обичаи и традиции за ваквите и слични свечености во Тетовско.

Собирот го отвори претседателот на Здружението на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија од Тетово, Југослав Аризаноски. Посакувајќи им пријатен престој во Тетовскиот крај и во овие живописни предели во подножјето на Шар Планина во Лешочкиот манастир, Југослав Аризановски подвлече.

Во организацијата активно се вклучија членовите од Активот на на жени на при здружението на инвалиди на трудот во Тетово, предводени од претседателката Сребра Стојкоска.

На свеченото отворање членовите на пензионерскиот хор настапија со изворната народна песна Тетово граде мој роден, составена и компонирана од Андр Апостолоски. Беше изведена и заедничка пригодна културно уметни!чка програма која беше збогатена од настапот на реномираниот музички состав Маестро бенд од Тетово.

За мошне успешниот и неуморен настап и за мошне квалитетните интерпретации на изворни и други песни од организаторот и од присутните на оовој собир им беше одадено посебно признание на музичкиот состав Маестро бенд кој е еден од најреномираните музички состави не само во Тетово и Полошкиот регион, Туку во Скопје, Велес и други градови каде зачестено добиваат покани за настап. Се играше и пееше се до доцните попладневни часови. Пензионерите отпатуваа во свите родни места со заедничка желба пак да бидат учесници на Републичкиот собир во 2013 година.

Јован Булески




 
     


 
 
21.05.2013 - Гостиварски средношколци открија како дождот и градот да ги искористат за производство на електрична енергија

21.05.2013 - Тетовските ученици денес пред општинската зграда излегоа на протест

21.05.2013 - Отворени денови на училиштето "Вудроу Вилсон"

21.05.2013 - Учениците и професорите од средното техничко училиште во Гостивар ги презентираа смеровите и условите за настава во овој образовен центар

21.05.2013 - Полициски билтен на СВР Тетово

21.05.2013 - Дефекти на градската водоводна мрежа

21.05.2013 - Полежерни венчаници за понежен изглед

20.05.2013 - Основниот суд во Гостивар доби донација компјутери и опрема од Владата на Турција

20.05.2013 - Изложба на цртежи на тема Шараме за Шара како дел од проектот Промоција на природните вредности на Шар Планина денес беше отворена во основното училиште Андреа Савески Ќиќиш

20.05.2013 - Соопштение на НДП

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.