16.06.2012 - По успешно реализираната перограма за летниот планински туризам вработените во Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка Елем ги интензивираа подготовките за престојната зимска туристичка сезона

Убавото време на Шар Планина стручните екипи на ДУТ Попова Шапка Елем го користат за интензивирање на работите од областа на подготовките за престојната зимска туристичка сезона. Приоритет имаше проктот за изработка и поставување на столбови и инсталации за ноќно скијање.

Иницијатор и автор на овој проект е директорот на ДУТ Попова Шапка Елем, Петре Димитриески кој во реализацијата на програмата за подготовки на престојната зимска туристичка сезона и посветува дел од слободното време и од деновите на викендот.

Инвестиционите средства се од сопствени извори, а проектот успешно и здружено го реализраа друштвата со ограничена одговорност Факом и Лира од Скопје.

Создавањето услови за ноќно склијање на Попова Шапка ги израдува излетниците и туристи кои викендов помасовно престојуваат на овие височини Успешно е извршен ремонт и замена на оштетените сидра и седишта на ски лифтовите и жичарниците. Овој вид работи се изведени од сопствени стручни екуипи со што се заштедени инвестициони средства.

Јован Булески


 
     


 
 
21.05.2013 - Гостиварски средношколци открија како дождот и градот да ги искористат за производство на електрична енергија

21.05.2013 - Тетовските ученици денес пред општинската зграда излегоа на протест

21.05.2013 - Отворени денови на училиштето "Вудроу Вилсон"

21.05.2013 - Учениците и професорите од средното техничко училиште во Гостивар ги презентираа смеровите и условите за настава во овој образовен центар

21.05.2013 - Полициски билтен на СВР Тетово

21.05.2013 - Дефекти на градската водоводна мрежа

21.05.2013 - Полежерни венчаници за понежен изглед

20.05.2013 - Основниот суд во Гостивар доби донација компјутери и опрема од Владата на Турција

20.05.2013 - Изложба на цртежи на тема Шараме за Шара како дел од проектот Промоција на природните вредности на Шар Планина денес беше отворена во основното училиште Андреа Савески Ќиќиш

20.05.2013 - Соопштение на НДП

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.