20.06.2012 - Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово ја обвини општина Тетово дека не аплицира за добивање на грантови од странски банки, пари кои би биле наменети за довршување на градската водоводна мрежа

Општина Тетово за изградба на новиот водовод се задолжува со комерцијален кредит без никаков надзор и со голема можност за злоупотреба на парите обвини општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово. Од оваа партија истакнаа дека локалните власти се уште не аплицирале за добивање на грантови за одржување на градската водоводна мрежа, од каде поради дотраеноста се губат огромни количини на вода.

Од локалната самоупрва Тетово ги отфрлија ваквите обвинувања. Кредитот од 1 250 000 евра кој ни следува од европската инвестициона банка не можеме да го искористиме за новата водоводна мрежа затоа што истиот е наменет за започнување или завршување на некој проект, што не е случај со новиот водовод кој веќе започнал да се гради.

Поради тоа бевме приморани да земеме комерцијалниот кредит за довршување на новиот водовод, а парите од европската инвестициона банка задено со уште еден грант од КФ Банка каде сме аплицирале, ќе ги искористиме за одржување на градската водоводна мрежа.

Моментално Тетово има вода издашноста на изворите е на добро ниво поради топењето на снегот на планините. Но за неколку недели се очекува градот повторно да се соочи со рестрикции поради дотраената водоводна мрежа и одлговлекувањето на изградбата на новиот водовод кој започна пред 5 години.

Зоран Димовски







 
     


 
 
17.05.2013 - Одбележана 70-годишнината смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

17.05.2013 - ЕУ автобусот пристигна во Доброште

17.05.2013 - Арифи денес беше на гости кај Бејта

17.05.2013 - Гостиварскиот градоначалник во посета на домот на Исмет Фетаи

17.05.2013 - Во насока на развивањето на малите бизниси денес во Маврово беше потпишан и меморандум за разбирање

17.05.2013 - Со грандиозен свечен концерт, вчера вечер, здружението за култура и уметност Иљо Антески Смок од Тетово одбележа 91 години од своето постоење

17.05.2013 - Одиграна куклена претстава во ОУ Братство Миѓени

17.05.2013 - Повеќе од 19 илјади повици за помош регистрирала Првата детска амбасада "Меѓаши" во изминатите 20 години

17.05.2013 - СВР Тетово и Државниот пазарен инспекторат во заедничка акциска контроола по тетовските бутици

17.05.2013 - Навивачките групи на фудбалските екипи на Шкендија и Тетекс фер и коректно да се однесуваат на престојното финале

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.